„Ансамблот и менторите Бузалковска и Степанулески свесно ги отфрлаат овие квалификации и нурнуваат во колективната (пот)свест, донесувајќи на едноставната сцена бројни драмски вињети кои го отсликуваат нивното лично искуство во последните неколку години.“

Кон изведбата на „Антитело“ на затворањето на 39-тото издание на фестивалот Скомрахи (ноември, 2022 година).Колективно авторство, режија: Зоја Бузалковска, помошник на режија: Александар Степанулески. Играа: Анастасија Величковиќ, Леонардо Лазов, Виктор Мирчески, Ања Митиќ, Стефан Николовски, Нела Павловска, Сара Спиркоска и Лазар Христов. Иницијална недоверба и дилема околу тоа дали баш ова е вистинското место да се биде во моментот, па постепено „загревање“ кон останатите во просторот и градење заедничко разбирање дека сите искуства се еднакво вредни и важни за споделување,…

„Преку давање подлабок приказ на деменцијата, филмот исто така го соголува човекот и покажува колку ранлив вистински може да биде“.

Иако човечкиот ум е еден огромен нестабилен лавиринт, сепак постојат одредени компоненти кои помагаат при навигација и нè држат делумно синтетизирани. Едно од тие навигациски клопчиња се сеќавањата, а филмот „Татко“ (на култниот сценарист и тазе режисер Флоријан Зелер) се фокусира токму на нив и ги испитува преку перспективата на човек кој страда од деменција.Губењето на сеќавањата е честа тема во современиот филм - од „евтини“ психолошки крими трилери до „артхаус“ филмови како „Љубов“ од Ханеке. Зачестеноста на оваа тема…

„Монодрамите на фестивалот уште еднаш докажаа дека помалку е повеќе, па така минималистичките изведби во кои емоцијата е главниот двигател на дејството, беа тие што оставија најголема трага кај гледачите“.

ПРОЛОГ Замислете си мозаик со многу парчиња. Некои од нив се цврсти, издржливи и успешно го поминуваат тестот на времето. Но некои се оштетени и изронети и вистината е дека, во суштина, сите тие се кревки. Доволна е само една подлабока пукнатина за да се распадне целиот мозаик. Така е и за сите работи во животот. Телата се разболуваат, стареат и умираат. Чашите се кршат, уредите се расипуваат, луѓето се менуваат и убавите чувства избледуваат. Пандемии се појавуваат и исчезнуваат.…

„Ова е еден од ретките анимирани филмови во кои толку реалистично се претставени танцовите чекори и фигури“.

Да живееш значи да се бориш. Овие зборови отсекогаш биле неисцрплив извор на инспирација во уметноста. Особено во рамките на филмската индустрија се чини дека приказните кои ја обработуваат таа тематика секогаш ќе имаме прилика да ги проследиме на големото платно. Како една од поновите интерпретации се јавува „Балерина“ - детскиот авантуристички анимиран филм со дебитантна проекција во 2016 година. За разлика од Црн лебед (2010), меланхоличен игран филм за патот до успехот во балетскиот свет, „Балерина“ ја претставува посветлата…

„Морето на лоши хорори со евтини ефекти и неоригинални приказни е широко, но може да се најдат вистински бисери ако се нурне доволно длабоко“.

Да не се лажеме: бројот на луѓе што уживаат во хорор филмови е значително помал од оние што не сакаат да ги гледаат. Тие не се многу омилени ниту кај филмските критичари, па неретко се потценува квалитетот на овој жанр, иако често има многу што понуди. Да, морето на лоши хорори со евтини ефекти и неоригинални приказни е широко, но може да се најдат вистински бисери ако се нурне доволно длабоко. Секој има свој вкус кога станува збор за овој…

„„Нема да си сама“ е амбициозен, сериозен и емоционален филм кој успева да внесе нов живот не само во хорор жанрот туку и во интернационалната кинематографија“.

Кон „Нема да си сама“ во режија и сценарио на Горан Столевски, кинематографија на Метју Чуанг Во последните неколку години како да се случи една „ренесанса“ на класичната хорор „антихероина“, волшебницата од фолклорните приказни. Филмовите како „Вештерката“ на Роберт Егерс и „Суспириа“ на Лука Гуадањино успеаја успешно да го „рециклираат“ имиџот и да дадат одредена комплексност и длабочина на нивните длабоко меланхонични вештерки, па не е чудно што овој тренд на продукција на помалку различни, независни хорор сценарија го разбранува…

„ Со неверојатна тонска визија, режисерите Пимента и Квеирос ги задушуваат гледачите во тмурната реалност што ја живее растечката ниска класа на Бразил“.

Постојат околности кои го оправдуваат криминалот, па дури и го прикажуваат како чин на отпор и ослободување. Тоа се околностите кои Јоана Пимента и Адирли Квеирос ги нудат во „Сува земја гори“. Дејството на филмот се одвива во Сол Насенте, една од најголемите фавели во Латинска Америка и ги следи Леа (Леа Алвес да Силва) и Читара (Јоана Дарк Фуртадо), полусестри кои се влезени во нелегална трговија со бензин. Нивната женска банда сифонира нафта и ја продава директно на моторџиските…

„Ситуацијата е комплицирана и ветува интересен и динамичен филм, но „Тори и Локита“ стрчи во низата на автентични приказни за мигрантите кои се раскажуваат во последниве години“.

„Тори и Локита“ е новиот долгометражен проект на Жан-Пјер и Лук Дарден, едни од најнакитените кански ветерани на последните неколку децении. Тори (Пабло Шилс) и Локита (Жоли Мбунду) се деца имигранти кои живеат во згрижувалиште во неименуван град во Белгија. Неуспешно се обидуваат да се прикажат како брат и сестра, иако се запознале на патот кон Европа. За разлика од Тори, кој има право на престој во Белгија бидејќи е дете спасено од погубување поради вештерство, Локита мора да најде…

...„искуствата на две бремени жени во лоши животни околности и општествените притисоци кои доаѓаат веднаш по првиот сонограм.“ 

Како се одлучува дали да се биде родител? Чии совети треба да послуша една бремена жена, додека во нејзината матка расте нов живот? И зошто воопшто би слушала некој друг, наместо да ги земе предвид само сопствените потреби и можности? Унгарскиот „Шест недели“ (во режија на Ноеми Вероника Шакони) и украинскиот „Визијата на пеперутката“ (во режија на Максим Наконечни), кои ги гледав на филмскиот фестивал во Сараево, се фокусираат на искуствата на две бремени жени во лоши животни околности и…

...„два документарни филмови на млади автори од Северна Македонија и Хрватска, кои намерно одбрале да ја свртат камерата кон траумите, стравот и прашањето „што по нив?“.“

Додека ги гледав балканските филмови на годинешното издание на Сараевскиот филмски фестивал, често забележував како стравот (една од петте основни емоции) имплицитно ги „бои“ наративите. Имајќи предвид дека во нашиот регион интергенерациските трауми се свежи, а социо-политичката нестабилност е реалност на која сме целосно навикнати, постојаното присуство на стравот како невидлива позадина на филмското платно не ме изненади. Во нашата културна матрица длабоко е втиснато убедувањето дека за стравот и трауматичните искуства кои понекогаш ги носи не се зборува во…