„„Aftersun“ е мал, интимен филм кој успева да излезе од типичните стеги на филмовите кои се занимаваат со созревањето на нивните ликови и да внесе свежина во новиот бран независни филмови“

Кон „Aftersun“ во режија и сценарио на Шарлот Велс, кинематографија на Грегори Оке Врската помеѓу родител и нивното дете е доста комплицирана - базирана на чиста и некорумпирана љубов, но често компромитирана од различни битки во животот: траума, недоволни финансии, отсуство. Секако дека родителите го сакаат најдоброто за своите деца (што е општоприфатен наратив), но нивните постапки и несовршености оставаат длабока трага врз формативните години од развојот на нивните деца. Како што луѓето созреваат и работат на себе, тие почнуваат…

„Пред сѐ, филмот ги истражува условите под кои човекот станува животно и релативната баналност на криминалот таму каде што владее масовна рамнодушност“.

„Чудо“, второто поглавје од трилогијата долгометражни филмови на Богдан Џорџ Апетри, е филм кој е тежок за гледање, тежок за сумирање и тежок за критикување. Инспириран од Балзаковата „Човечка комедија“, Апетри раскажува три неповрзани приказни кои никогаш не се шират, но постојано се продлабочуваат. Дејството во оваа тмурна мешавина од жанрови се одвива во родното село на режисерот во Северна Романија, а е поделено на два дела. На почетокот, централен лик е Кристина (Јоана Бугарин) - деветнаесетгодишна калуѓерка-почетник која еден…

„„Што ќе речат луѓето“ е лесен за консумирање благодарение на динамиката, но тежок за дигестирање поради темата.“

Луѓето од Западниот свет секојдневно ги уживаат придобивките од развојот на технологијата, имаат право на избор, смеат да им се спротивстават на родителите, можат да се облекуваат како сакаат и да се бакнуваат со кого сакаат и каде сакаат. Ним им е тешко да си замислат дека таму некаде постои поинаков живот од нивниот. Живот во којшто последиците се брутални доколку не се почитуваат правилата на традицијата и семејните вредности. А тие се толку строги што честопати прекршуваат некои основни…

„This was not your average film festival - and I mean that with a heartful of complex emotions that had me first in awe, and literally bedridden at the end of it.“

I want to start by noting that this is not a review. If I were to write a review of the whole Ji.Hlava International Documentary Film Festival, it would be extremely biased since I don’t have anything to compare it to, in order to be more objective in my judgment. The emotional impact of the selection and its supporting programme in a year like 2022 took its toll as well, since you can’t just organize a festival without addressing the…

„Преку давање подлабок приказ на деменцијата, филмот исто така го соголува човекот и покажува колку ранлив вистински може да биде“.

Иако човечкиот ум е еден огромен нестабилен лавиринт, сепак постојат одредени компоненти кои помагаат при навигација и нè држат делумно синтетизирани. Едно од тие навигациски клопчиња се сеќавањата, а филмот „Татко“ (на култниот сценарист и тазе режисер Флоријан Зелер) се фокусира токму на нив и ги испитува преку перспективата на човек кој страда од деменција.Губењето на сеќавањата е честа тема во современиот филм - од „евтини“ психолошки крими трилери до „артхаус“ филмови како „Љубов“ од Ханеке. Зачестеноста на оваа тема…

„Ова е еден од ретките анимирани филмови во кои толку реалистично се претставени танцовите чекори и фигури“.

Да живееш значи да се бориш. Овие зборови отсекогаш биле неисцрплив извор на инспирација во уметноста. Особено во рамките на филмската индустрија се чини дека приказните кои ја обработуваат таа тематика секогаш ќе имаме прилика да ги проследиме на големото платно. Како една од поновите интерпретации се јавува „Балерина“ - детскиот авантуристички анимиран филм со дебитантна проекција во 2016 година. За разлика од Црн лебед (2010), меланхоличен игран филм за патот до успехот во балетскиот свет, „Балерина“ ја претставува посветлата…

„Морето на лоши хорори со евтини ефекти и неоригинални приказни е широко, но може да се најдат вистински бисери ако се нурне доволно длабоко“.

Да не се лажеме: бројот на луѓе што уживаат во хорор филмови е значително помал од оние што не сакаат да ги гледаат. Тие не се многу омилени ниту кај филмските критичари, па неретко се потценува квалитетот на овој жанр, иако често има многу што понуди. Да, морето на лоши хорори со евтини ефекти и неоригинални приказни е широко, но може да се најдат вистински бисери ако се нурне доволно длабоко. Секој има свој вкус кога станува збор за овој…

„„Нема да си сама“ е амбициозен, сериозен и емоционален филм кој успева да внесе нов живот не само во хорор жанрот туку и во интернационалната кинематографија“.

Кон „Нема да си сама“ во режија и сценарио на Горан Столевски, кинематографија на Метју Чуанг Во последните неколку години како да се случи една „ренесанса“ на класичната хорор „антихероина“, волшебницата од фолклорните приказни. Филмовите како „Вештерката“ на Роберт Егерс и „Суспириа“ на Лука Гуадањино успеаја успешно да го „рециклираат“ имиџот и да дадат одредена комплексност и длабочина на нивните длабоко меланхонични вештерки, па не е чудно што овој тренд на продукција на помалку различни, независни хорор сценарија го разбранува…

„ Со неверојатна тонска визија, режисерите Пимента и Квеирос ги задушуваат гледачите во тмурната реалност што ја живее растечката ниска класа на Бразил“.

Постојат околности кои го оправдуваат криминалот, па дури и го прикажуваат како чин на отпор и ослободување. Тоа се околностите кои Јоана Пимента и Адирли Квеирос ги нудат во „Сува земја гори“. Дејството на филмот се одвива во Сол Насенте, една од најголемите фавели во Латинска Америка и ги следи Леа (Леа Алвес да Силва) и Читара (Јоана Дарк Фуртадо), полусестри кои се влезени во нелегална трговија со бензин. Нивната женска банда сифонира нафта и ја продава директно на моторџиските…

„Ситуацијата е комплицирана и ветува интересен и динамичен филм, но „Тори и Локита“ стрчи во низата на автентични приказни за мигрантите кои се раскажуваат во последниве години“.

„Тори и Локита“ е новиот долгометражен проект на Жан-Пјер и Лук Дарден, едни од најнакитените кански ветерани на последните неколку децении. Тори (Пабло Шилс) и Локита (Жоли Мбунду) се деца имигранти кои живеат во згрижувалиште во неименуван град во Белгија. Неуспешно се обидуваат да се прикажат како брат и сестра, иако се запознале на патот кон Европа. За разлика од Тори, кој има право на престој во Белгија бидејќи е дете спасено од погубување поради вештерство, Локита мора да најде…