...„служи како потсетник за „припитомениот“ гледач: под кошулите и вратоврските се крие гола кожа, а под неа крв“.

„Комбето“ е краткометражен филм од албанско-француска продукција кој ја следи приказната на неименуван, млад протагонист (Феникс Бросар) чија цел е да собере доволно пари за да избега од Албанија во „белиот свет“. Таков пат скапо чини, особено за двајца патници, а ликот на Бросар е одлучен со себе да го земе татко си (Арбен Бајрактарај). Решение наоѓа во борбите со непознати противници за „убав“ бакшиш, во багажникот на едно комбе кое вози и не застанува додека некој не изгуби или…

“Преку митското прикажување на деструктивните наративи на протагонистите, Павликовски го заокружува овој мрачен мјузикл, полн со тишини, во 89 минути.“

„Јас се движам во круг, одам и се враќам. Слободен и врзан. Ако враќањето е цел, зошто тогаш одењето?”  Овие реплики од романот „Дервишот и смртта” на Меша Селимовиќ претставуваат интроспекција на главниот лик (дервишот)  заглавен во вител, постојано размислувајќи за животот и смртта, што тие претставуваат, зошто луѓето имаат бесмислен страв од неизбежното. Темата за животот и неговата непредвидливост  во романот на Селимовиќ ја поврзувам со темата на филмот „Студена војна” (Cold war/Zimna wojna). Преку централните ликови Виктор (Томаш Кот) и Зула (Јоана Кулиг) режисерот ја претставил комплицираната љубовна врска на своите родители. Постојаното спојување и разделување на неговите родители во временски период од четири децении го инспирирало да ја создаде и екранизира оваа приказна за една невозможна љубов во времето на Советскиот сојуз. На почетокот на "Студена војна", диригентот и композитор Виктор се вљубува во младата Зула. Таа е дојдена на аудиција за изведба на фолклорна музика и танци. Главните ликови се во една неподнослива меланхолија, константно незадоволство и притоа се лишени од слободна љубовна врска. Иако Виктор тврди дека таа е жената на неговиот живот и двајцата се во љубовни врски со други луѓе.  Преку сцените со зачадените барови во кои пее Зула и музиката низ целиот филм, режисерот прави визуелен приказ на внатрешната борба на главните ликови. Потребата за успех во нивните кариери и политичкото влијание придонесуваат за нивна постојана разделба. Тврдоглавоста е главен двигател за нивното повторно спојување и покрај сите препреки  низ годините. Идентично со почетокот на филмот, кругот на оваа љубовна приказна се затвора со сцена со срушена црквa. Крајот на филмот е мрачен и ироничен - Виктор и Зула  се повторно заедно, но нивната дестинација воопшто не е мотивирачка. Преку митското прикажување на деструктивните наративи на протагонистите, Павликовски го заокружува овој мрачен мјузикл, полн со тишини, во 89 минути.  Во оваа социо-политичка разгледница од 20 век режисерот Павел Павликовски повторно се навраќа на црно-белиот формат кој го користеше во оскаровецот „Ида“. Ликовите во…

„Овој филм е уште едно апсурдно дело на „грчкото движење“ кое да не беше толку комично ќе беше премногу гротескно“.

СОЖАЛУВАЊЕ (2018) Бабис Макридис Еден успешен адвокат секое утро станува од кревет и плаче. Неговата сопруга е во кома, па затоа секој ден е тажен и вознемирен. Пријателите и познаниците го знаат тоа и го сожалуваат. Неговата секретарка му подари ланче со крст од нејзината мајка. Неговата сосетка секој ден му носи торта од портокал. Неговиот другар со кој играат тенис на плажа се понуди да му го намачка грбот со заштитна крема за сонце. Но и покрај неговата тага, тој е среќен и ужива во ситуацијата во која што се наоѓа. Проблемот е што тој стана зависен од тоа сожалување. Сака да го добие по секоја цена. Неименуваниот адвокат ќе биде соочен со тешка дилема кога неговата сопруга ќе се разбуди од кома, а изворот на сожалување ќе секне. Преокупираноста со себеси станува опсесија за него, водејќи до жестока кулминација.  На чело со Јоргос Лантимос („Песјак“, „Фаворитката“), група режисери од грчкиот полуостров го водат „грчкиот нов бран“ во филмот. Употребувајќи бизарни, чудни и шокирачки дијалози и слики овие уметници како низ калеидоскоп ја тераат публиката одново да ги промисли темите поврзани со сексуалност, фамилијарни односи, слобода, друштвена изолација. Макридис, за среќа (или несреќа) твори во сенката на Лантимос. По соработката на неговиот дебитантски долгометражен филм „Л“, Макридис тука повторно му верува на сценаристот Ефтимус Филипу да создаде темна и стоичка драма исполнета со комични елементи.  „Сожалување“ успева да е класично „грчки нов бран“ со сите негови препознатливи елементи и естетика. Дијалогот и раскажувачката форма се ефективни во својот минимализам. Кинематограферот Константинос Кукулиос го центрира протагонистот врз прекрасната позадина на Егејското море преку екстремно десатурирана палета на бои и комбинација на статични широки и крупни кадри. Наративните наслови кои (заедно со музиката) имаат задача да дадат објаснување за внатрешната борба на главниот карактер - некогаш се беспотребни. Сепак можеби најголемиот дел од „товарот“ на овој филм го носи актерот кој го игра несреќниот адвокат. Наизглед без многу напор, Џанис Дракопулос…

...„уникатна драма за рехабилитацијата на поранешен затвореник и неговиот стремеж за победа на добрината во луѓето.“

Оценка: 8.5/10 Простувањето, човечноста и вербата се главните теми во маркантниот „Тело Христово“ на полскиот режисер Јан Комаса (познат по „Варшава 44“ и „Соба на самоубијците“). Инспириран од феноменот на лажни попови во Полска, Комаса нè внесува во оваа силна и провокативна драма преку ликот на младиот поп-аматер Даниел (Бартош Бјелења). Покрај номинацијата за „Оскар“, филмот собра награди на многу европски фестивали, како Венецискиот, Гдањскиот и други. „Тело Христово“ дефинитивно ја освои публиката и често се наоѓа на листите за…

...„ги спојува опсежните теми како животот во париските предградија, мултикултурализмот и резултатите од тековната гентрификација на градот со креативноста, посветеноста и неисцрпната надеж на младиот Јури. “

„Гагарин“ е драма режирана од француското дуо Фани Лиатар и Џереми Труил која го обработува микрокосмосот на шеснаесетгодишниот Јури (Алсени Батили) кратко пред рушењето на неговиот дом, станбениот блок Гагарин во Париз. Филмот ги спојува опсежните теми како животот во париските предградија, мултикултурализмот и резултатите од тековната гентрификација на градот со креативноста, посветеноста и неисцрпната надеж на младиот Јури. Загрижен за состојбата на старите згради (именувани, патем, по космонаутот-имењак на Јури), тој секојдневно ги користи својата досетливост и инженерскиот ум…

„Миа Хансен-Лов ни дозволува да застанеме зад камерата и да видиме како тоа изгледа отстрана, поставувајќи го прашањето - дали може да се ставиме во чевлите на некој друг?“

Кон “L'avenir“ - „Она што допрва ќе дојде“ (2016) во режија на Миа Хансен-Лов Дали некогаш сте се возеле во јавен превоз, автобус или воз и сте чувствувале како универзумот да ја има вперено камерата во вас - вие сте главниот карактер? Сè друго станува споредно, околината се замаглува, сетилата се спуштаат на минимум, а солипсизмот го вклучувате на максимум. А кога ќе се вратите во реалноста се прашувате како сте им изгледале на другите патници, можеби и малку се…

„Консумирај“ е дело кое на прв поглед не ветува суштински заклучок, но како што минуваат минутите тоа драстично се менува.

„Консумирај“ е  краткометражно филмско дело на аргентинскиот режисер Бруно Градаски. Досега во својата кариера режирал само краткометражни филмови, а ова дело е најновото на кое работел. Жанрот на филмот е научна фантастика, но пораките кои ги обработува  се од големо значење за современата реалност. Клучни се актуелните слабости на човекот како што се манипулацијата со реклами, зависноста од технологија, способноста за самоуништување и потчинетоста кон претеран консумеризам. Ликовите во приказната се лишени од свој личен идентитет - ниту еден од…

„Централна идеја во филмот е истражувањето на женскиот поглед (анг. the female gaze) - како начин на кој жените гледаат на сите нешта во светот.“

Во филмската теорија се дефинира дистанцата помеѓу снименото и објективот, па потоа меѓу објективот и гледачот. Така се создава релацијата меѓу гледачот и тоа што го гледа. Во „Земја Женска“ (анг. Terra Femme), режисерката Кортни Стивенс прави обид да ја истражува оваа врска без да учествува во неа. Станува збор за документарец составен од аматерски патописи снимени од жени меѓу дваесеттите и четириесеттите години на минатиот век, пропратени со монолог кој повеќе потсетува на интроспективно поетско читање отколку на филмска…

„Четирите експериментални филмови продираат во прашливите архиви и без страв вадат на виделина потиснати истории.“

Со фокус врз архивски снимки, филмската програма на ППЖ 9 е автентично, непредвидливо и контемплативно патување низ женското искуство. Четирите експериментални филмови продираат во прашливите архиви и без страв вадат на виделина потиснати истории. Затоа, во рамки на програмата, камерата оваа година служи за преземање на јавниот простор и дискурс и со тоа за длабоко промислување на стварноста, историјата, системите на моќ, и погледите на и кон жената.  Фестивалското филмско патување започнува во семејните архиви на уметницата Рут Хофлих. Учеството…

„Разновидните растенија во филмот го симболизираат класичното поврзување на жените со природата, земјата, мистичното...“

Краткиот документарец „Растение“ на германската визуелна уметница Рут Хофлих претставува нагласено лично истражување на еден од најважните и најбизарните периоди од светската женска историја – прогонот и спалувањата на вештерките oд 16-иот до 18-иот век.  Субверзивната фигура на вештерката последниве години често е обработувана како симбол на женскиот отпор. Tаа е преиспитувана како темно место во историјата и претставува моќен општествен контранаратив. Иновативниот придонес на Хофлих на оваа линија – и она што го прави филмов предизвикувачки и нетипичен –…