(За монодрамата „Океанот“, според мотиви на „Психоза 4:48“ од Сара Кејн, во режија на Драгана Гунин, изведба на Симона Димковска, Кино Култура, 10.10.2019) Браво Симона! Обично вака не се пишуваат рецензии. Обично рецензентот треба прво да прикаже зошто дава некаква оценка на претставата. Меѓутоа, ова не е обична претстава и ова не е вообичаена актерска изведба. „Океанот“ е претстава (тематски премиерно изведена на Денот на менталното здравје) која ве носи брановито низ сите слоеви и на личноста која ја прикажува…
...„сериозна монодрама во која актерката со својот огромен потенцијал ги вади океанските длабочини на внатрешното битие распострирајќи го низ неколку кратки темати – машко-женските односи, родителите, пријателите, лекарот и системот, воопшто, кои пак се драматуршки поставени како интермеца меѓу сличните парчиња од драмата на Кејн. “