„..Успешноста на една монодрама во голема мера зависи од способноста на актерот ДА БИДЕ вистински присутен на сцената, овде и сега“

Годинешното 24. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола ги истражи многуте аспекти на популарната Хамлетовска дилема „да се биде или не“, со особен акцент на човечкото постоење што не остава простор за ништо друго освен „да се биде“. Монодрамата е театарска форма што, всушност, најдобро може да ја долови „суштината на она што значи да се биде жив“. Еден актер на сцената се соочува со љубопитните очи на гледачите, од кои секој има свои индивидуални очекувања за она…

Минималистички експеримент: секој има(ше) право да одбере по само 1 дело и во максимум 10 зборови да срочи зошто баш тоа му оставило најголем впечаток во минатата година.

Во последниве неколку години, некако природно, ни стана традиција во декември да објавуваме новогодишни осврти кои содржат по минимум 3 филмски и/или театарски дела избрани од секој член на тимот, без никакви жанровски ограничувања или пак строго дефиниран број зборови кои треба/мора да ги исполниме. Годинава решивме да направиме две промени: 1) освртот да го објавиме во јануари (годината трае до 31 декември, нели :) ) и 2) да се обидеме со дијаметрално спротивен пристап. Па така, секој има(ше) право…

„Ансамблот и менторите Бузалковска и Степанулески свесно ги отфрлаат овие квалификации и нурнуваат во колективната (пот)свест, донесувајќи на едноставната сцена бројни драмски вињети кои го отсликуваат нивното лично искуство во последните неколку години.“

Кон изведбата на „Антитело“ на затворањето на 39-тото издание на фестивалот Скомрахи (ноември, 2022 година).Колективно авторство, режија: Зоја Бузалковска, помошник на режија: Александар Степанулески. Играа: Анастасија Величковиќ, Леонардо Лазов, Виктор Мирчески, Ања Митиќ, Стефан Николовски, Нела Павловска, Сара Спиркоска и Лазар Христов. Иницијална недоверба и дилема околу тоа дали баш ова е вистинското место да се биде во моментот, па постепено „загревање“ кон останатите во просторот и градење заедничко разбирање дека сите искуства се еднакво вредни и важни за споделување,…

„Монодрамите на фестивалот уште еднаш докажаа дека помалку е повеќе, па така минималистичките изведби во кои емоцијата е главниот двигател на дејството, беа тие што оставија најголема трага кај гледачите“.

ПРОЛОГ Замислете си мозаик со многу парчиња. Некои од нив се цврсти, издржливи и успешно го поминуваат тестот на времето. Но некои се оштетени и изронети и вистината е дека, во суштина, сите тие се кревки. Доволна е само една подлабока пукнатина за да се распадне целиот мозаик. Така е и за сите работи во животот. Телата се разболуваат, стареат и умираат. Чашите се кршат, уредите се расипуваат, луѓето се менуваат и убавите чувства избледуваат. Пандемии се појавуваат и исчезнуваат.…

...„може и знае да функционира пред секаква публика и дека може и треба да има долг театарски век.“

(„Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар Скопје, изведба на 62. Охридско лето) Актерската екипа на „Чудна случка со кучето во ноќта“ им пружи на театарските љубители во Охрид забавно, поучно и топло искуство со својата целосна предадена игра во Домот на култура „Глигор Прличев“, во рамките на театарската програма на Охридско лето на 19.7.2022.  Претставата на Зоја Бузалковска, која ја имаше скопската премиера минатиот декември, е поставена на…

...„класичната дефиниција за монодрама овозможува огромни варијации на темата.“

Што е тоа монодрама и како се оценува квалитетот на една постановка од овој вид? Интуитивно, може да се каже дека во ваквите претстави, клучна „непозната“ во равенката сцена + актер + публика е токму актерската игра како стожер на драмското дејство. Но, ако погледнеме повнимателно во нијансите помеѓу актерскиот потенцијал, начинот на кој се „освојува“ сцената и се интерактира со публиката, како и (не)потпирањето на сценографски и костимографски елементи за креирање ликови, јасно е дека класичната дефиниција за монодрама…

...„различни елементи од женското секојдневие во модерното доба, заедно градејќи една ненамерна, но слоевита целина која ги надминува географско-културолошките граници на трите држави од кои доаѓаат авторските тимови.“

Што значи да се биде жена во денешно време? Кои се основните координати кои ја дефинираат положбата од која таа постои и го искусува светот? Како една жена го пронаоѓа балансот помеѓу очекувањата од средината и сопствените потреби? Токму оваа „помеѓу“ состојба ја истражуваат три претстави од натпреварувачката програма на годинешното издание на Интернационалниот театарски фестивал на монодрама во Битола. „Вла Вла Влајленд Кабаре“, „Крик“ и „Сив свет“ адресираат различни елементи од женското секојдневие во модерното доба, заедно градејќи една…

„„Грета“ можеби е скромен, но е значаен обид да се прикаже еден театарски процес преку свеж, објективен и искрен пристап.“

Театарската магија што се случува на сцената е единствена и неповторлива. По нејзиното завршување, публиката задоволно ракоплеска, актерите добиваат овации, завесата се спушта и столчињата полека се празнат. Гледачите обично си заминуваат со впечатоци од она што се одиграло пред нив, несвесни за целиот процес што се одвивал зад кулисите. Претставата „Грета“ во продукција на независниот театар „Златен Елец“ открива дел токму од тој невидлив театарски свет на деноноќни проби, незгодни театарџии, длабоки фрустрации, но и бескрајна љубов кон оваа…

„Едноставно, ако не сте спремни да им погледнете и на театарот и на најтешката театарска професија и уметност директно во очи, тогаш не ја гледајте оваа претстава.“

(За претставата „ГЛУМиЦИ“ на колективот „Артопија“, изведена во МКЦ на30.3.2022г., како колективно авторство, дизајн на сценски простор Ненад Тонкин,авторска музика на Дино Имери) Пречекани од гласот на актерката Слободанка Чичевска од Велес, што го раскажува својот животопис, отворајќи ги сите добри и лоши страни на актерството, женскоста, мајчинството и работата во сите (не)возможни услови, влеговме во Дансинг салата на МКЦ, во неформално структурираниот простор, на кој се сместени и актерите и актерките на оваа мошне интригантна, вознемирувачка, силноекспресивна и моќна…

„Најлоша е рамнодушноста, која полека станува секојдневје“, пишува во описот, а „Уметноста е ормар“ како да го постигнува токму тоа – ги остава гледачите рамнодушни, без да ги искритикува. "

Една старица се потпира на прозорецот и од преголема љубопитност, премногу се навалува, паѓа на земја и се распарчува. Друга старица се потпира на прозорецот за да види што ѝ се случило на првата – и таа паѓа и се соочува со истата судбина. Потоа и трета, четврта, петта, шеста... низа што завршува само зашто на раскажувачот на приказната му здосадува да ги гледа, па решава да оди на пазар.   Јасно е дека станува збор за свет поинаков од реалниот.…