....„неизмерно се радувам на пркосот на Пресврт и нивната одлука да се впуштат во целосно непознати води и да понудат една нова и флексибилна дефиниција за театарска претстава во Македонија.“

Кон „Иднината е приватна“, по текст и режија на Милош Б. Андоновски. Играат  Ангела Стојановска, Наталија Теодосиева, Дени Стојанов, Дарко Ристовски, Нина Елзесер и Христијан Поп-Симонов како гласот на Адам. Продуцент: Петар Антевски, костимографија: Ирина Тошева и Катерина Блажевска Тошева, сценографија: Наташа Вчкова и Велко Бебековски, шминка: Виктор Мирчевски, музика и анимации: ИСКРА, стрим: Пирка. На што си помислувате кога ќе го чуете прашањето: што е тоа театарска претстава? Класичните дефиниции би рекле дека за театарска претстава се потребни три…