...„цензурирана верзија без карактеристичниот магнетен маскулинитет и членови на бенд кои се морално безгрешни во светот на развратните 80-ти.“

Кон „Боемска Рапсодија“ во режија на Брајан Зингер, сценарио на Ентони Мек Картер, кинематографија на Њутн Томас Зигел. Оцена: 2.5/5. Влијанието кое култниот музички состав „Квин“ го има врз светската култура е неспорно. Огромен дел се должи на неверојатно харизматичниот и талентиран пејач Фреди Меркјури, кој според официјалните биографии водел доста „колоритен“ живот. Имено, шокантно е дека поминале 27 години без да се портретира неговата приказна на големиот екран. Шармантен, андроген, енергетичен и носител на можеби најмоќниот вокал на сите…

...„дури и музиката на Хавиер Лимон е прилагодена нагло да ги менува тоновите при откривање на „шокантните“, клише мистерии.“

Кон „Сите знаат“ во режија и сценарио на Асгар Фаради, кинематографија на Хозе Луис Алкен. Оцена: 3/5. Откако успешно се пробил во светската кинематографија со еден од фаворитите на светската критика „Разделба“, иранскиот оскаровец Асгар Фаради доби статус на миленик. Неколку години подоцна, тој е архитектот на уште еден филм кој длабоко резонирал со светското социјално и политичко движење - „Продавач“. Како човек со таква репутација, кој доби статус на експерт во прикажување на интимната човечка состојба и неговата борба…

„За жал, неколкуте прекини додека се играше претставата не дозволуваат да се даде заокружена оцена или став за неа.“

Разговараат Атанас Димитров и Јована Ѓорѓиовска. А: Ова требаше да биде рецензија за претставата „Окупирај се“, која требаше да игра на Интернационален театарски фестивал „Скупи“ 2018. За жал, неколкуте прекини додека се играше претставата не дозволуваат да се даде заокружена оцена или став за неа. Претставата на Независен театар Проект Чекална, говори за зависностите и пороците, секојдневни и несекојдневни. Таа е заснована на текстови од самите актери, поезијата на Портија Нелсон и извадоци од „Тибетанската книга на животот и смртта“…