„Режисерите се поставуваат во животите на фамилијата Серано како невидлива оска околку која природно се одвиваат работите.“

Оцена: 7/10. Во моментите кога сме најранливи, кревки и потиштени секогаш се потпираме на најблиските. Во човековата природа е да побараме помош од луѓето во кои имаме најмногу доверба. Семејството скоро секогаш доаѓа на прво место кога станува збор за овој круг уѓе, па „Америка“ е една вистинска приказна за братската љубов, сплотеноста и потврда на поговорката „Сложни браќа куќа градат“. Американското дуо Ерик Стол и Чејс Вајтсајд се режисери на овој долгометражен документарен филм. Стол е воедно и снимател, а учествува и…

„Текстот на Јанков, во римуван стих, дава особена мелодичност на претставата и го задржува вниманието до самиот крај. Наративот е занимлив, загадочен и лесно следлив. Минималистичката сценографија на Ставрев користи внимателно уредени елементи заедно со нарацијата на дворскиот шут за да ги обележи локациите на сцените. “

Во „Царот Владислав“,  режисерот Бранко Ставрев  го води ансамблот на НУЦК Антон Панов од Струмица низ интригите и заговорите кои го заокружуваат распадот на Самоиловото царство.  Ставрев, инспириран од елизабетанскиот и средовековниот театар, ja поставува ја изведбата во ритам со текстот на Борис Јанков. Нема да згрешите ако приказната за Царот Владислав ја наречете „Македонскиот Макбет“. Taa говори за внатрешните конфликти, за корупцијата на моќта и на тие кои трагаат по неа.  По смртта на Цар Самоил, неговиот син кнез…

...„дозволува да се види едно екстремно, срцекршачко и нефилтрирано малтретирање во реално светло. Постои огромна доза почит во портретот на еден толку несимпатичен лик како Ирина Винер, што ја прави оваа полско/германско/финска копродукција брилијантен пример за режирање на реалноста.“

Кон „Над возможното“ во режија на Марта Прус и кинематографија на Адам Сузин. Оцена: 5/5. „Ти не си човечко битие, ти си атлетичарка“ сурово возвраќа Ирина Винер, руски професионален тренер и можеби најодбивната личност на филмско платно по ЛаВона Хардинг во „Јас, Тоња“. Постои горчлива иронија што нејзиното презиме е англискиот еквивалент на „победник“ зашто нејзините неортодоксни методи им донеле злато на над 23 индивидуални ритмички гимнастичарки. „Над возможното“ сепак не е нејзина приказна туку претставува интимен портрет на младата…

„Потрошено е малку време за да се прикаже емоционалната нестабилност на протагонистката во однос на индивидуалните кадри од природа, жители и ракови. Најголемиот антагонист - центарот за задржување на емигранти е виден само еднаш.“

Кон „Остров на гладните духови“ во режија на Габриела Брејди и кинематографија на Мајкл Латам. Оцена: 3/5. Божиќниот остров во срцето на Индискиот океан се одликува со многу природни убавини. Тропска клима, огромна популација ракови кои уживаат големи права во полза на нивно размножување, недопрени и сурови шуми. Едно од последните откриени места на планетата Земја, овој остров крие и не толку позната тајна - тој е домаќин на еден од најголемите центри за задржување имигранти во Австралија уште од…

...„актерите се соголуваат целосно емотивно, актерската игра е доведена до совршенство, разголувањето само го намалува впечатокот.“

Кон претставата „Доктор Фауст“на Битолски народен театар, одиграна на Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Оцена: 4/5 Доктор Фауст е протагонист на класична германска легенда базирана на историскиот лик Јохан Георг Фауст, која била и е инспирација за бројни литературни, филмски, драмски дела, музика. Најпознати се драмските текстови на Гете и Кристофер Марлоу. Зборуваат за човек, Фауст, со нескротлива жед за целото земно знаење и телесни задоволства кој, со цел да ги добие, ја отфрла шансата за влез во…

...„режисерот успеал да направи многу работи за претставата, но ја запоставил актерската игра. Претстава во која револуцијата ќе биде далеку од сцената на која треба да се изведе.“

Затни ги ушите. Има револуција. Таму, некаде. Од изведбата на „Клетници“ на 9-ти јуни на Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп при 53-тото издание на Македонскиот Театарски Фестивал. Оцена:3/5 Претставата е работена според истоимениот култен роман на Виктор Иго, во драматизација на Горјан Милошевски и режија на Мартин Кочовски. Музиката е на македонскиот бенд Фолтин (дел од членовите на бендот и играат и во претставата), додека костимографијата, сценографијата и дизајнот на светло се на Јулијана Војкова Најман. Играат: Владимир Ѓорѓијоски, Александар…

„Секоја приказна има две страни, гледишта за кои може да се зборува, дебатира, но војната има само едно лице, а тоа е низ објективот на Сајмон Вилмонт. Документарен филм кој е вистинска, страшна слика за „актерите“ односно самите наратори.“

Кон „Далечниот лаеж на кучињата“ во режија на Сајмон Леренг Вилмонт. Оцена: 9.5/10. Секогаш ми било тешко да пишувам за работи кои ги немам искусено во животот или немаат допрено до мене, но „Далечниот лаеж на кучињата“ не само што ми предизвика морници и солзи, туку и ме уништи. „Ми го зеде срцето, претвори во зрно, притисна и затвори во ладен свет“, најдобриот опис за филмот т.е. зборовите кои ги користи младото 10 годишно момче Олег објаснувајќи за тоа како ја…

„Желба, гнев, разочарување, но и надеж се испреплетени во кохезивна приказна која со помош на фокусот на камерата во Конрад и неговите движења придонесува кон сочувство и разбирање. “

Кон „Викај ме Тони“ во режија на Клаудиуш Хростовски и кинематографија на Микал Лука. Оцена: 4.5/5. Животот на еден типичен 18 годишен тинејџер е навидум едноставен. Сè што треба е да учи за матурски испити, да одлучи за својата иднина преку изборот на соодветно образование, да биде добар во спорт/уметност за да има одобрување од своите врсници и да ги направи своите родители горди со сите свои животни одлуки. Ваквите притисоци кои се наметнати на едвај возрасни луѓе се сè…

....„одлична лекција за апологетите на еднаквите можности и сервирачите на мотивирачки цитати, бидејќи несомнено го тера гледачот да размисли дали и колку бил привилегиран во својот живот.“

Оцена: 4/5. Животот не почнува еднакво за сите. Нема секој еднаква шанса за благосостојба, иако многумина го тврдат тоа. „Фамилијата“ е одличен реален приказ за тоа. Во вистинска Фројдовска смисла, документарецот на словенечкиот режисер Рок Бичек, негов втор долгометражен документарен филм после „Класен непријател“ од 2013, покажува дека односите кои личноста ги има со родителите и најблиското семејство го дефинираат, моделираат и ненужно, но најчесто му го поплочуваат патот низ животот. Бичек своето брутално реалистично дело го снима во период…

„Одлуката да им се даде тотална слобода со движењето на камерата во просторот дозволува за час и 13-минутна одисеја во трагикомедијата што се нарекува пост-југословенско општество.“

Кон „Денови на Лудило“ во режија на Дамјан Ненадиќ и кинематографија на Маја Счуканец, Младен Баџун, Срѓан Ковачевиќ, Дамјан Ненадиќ. Оцена: 4.5/5. „Хомосексуалноста е грев, трансродовоста е грев, па зошто тогаш не го прогласат и национализмот како грев?“ - прашање кое целосно ја опфаќа средината во која живеат Maja Счуканец и Младен Баџун, хероите без наметки во долгометражното првенче на хрватскиот режисер Дамјан Ненадиќ. Замислете двајца пациенти на кои режисерот им дал камера да ги снимаат секојдневните активности. Скокајќи од…