„Откако ќе ја „пробиете“ формулата, сцените одеднаш не се толку занимливи, иако го задржуваат вниманието до самиот крај.“

Од изведбата на 43. МОТ, на 25.09.2018 Режија: Кокан Младеновиќ. Продукција: Народен театар - Битола.   „Прво беше темно, па би светло, па Господ ги направи Македонците!“ Со зурли, тапани и изненадувачки - рап нумери, започна почетокот на претставата „Но(е)ва Македонија“. Ансамблот од првиот момент ја нападна сцената. На неа, колосалните дрвени ребра на звучната Ноева Арка се прошарани со платна во македонското жолто и црвено. Облечени во шлемови на антички воини, актерите како да водат војна со тој необичен…

...„ќе продолжи да зрее со секоја наредна изведба со што може да се развие во ново капитално дело од македонскиот театар.“

Кон изведбата на „Црнила remix“ на МОТ 2018. Идеја и режија на Јордан Симонов, работена според „Црнила“ на Коле Чашуле. Како да се интерпретира убиството на идеалите за да се понуди свежо видување и за оние кои веќе виделе неколку постановки на „Црнила“ и за младите за кои култниот текст на Чашуле е „само уште една лектира“? Оригиналноста на „Црнила remix“ лежи во музичката обработка на приказната - резултат на соработката меѓу Симонов и хип хоп екипата „Зад аголот“. Претставата…

„Андоновски промислено ја остава сцената скоро празна и го дава главниот фокус на Спировска и на Селма. „Јас, Селма“ има срце, затоа што Симона Спировска игра со срце.“

Од изведбата на „Јас, Селма“ на 20.05.2018, во МКЦ. Режија: Милош Андоновски Игра: Симона Спировска Монтажа на звук: Сашко Потер Мицевски Во монодрамата  „Јас, Селма“ , ја запознаваме Селма, која пребегнува во Македонија во последниот момент пред да се затворат границите. Срамежлива и повлечена, пелтечи кога треба да говори македонски. Во фиктивната блиска иднина во која се случува дејството, таа се запознава со актерката Симона Спировска, која треба да ѝ помогне да го научи јазикот. Низ интеракцијата на Селма со Симона,…

„Приказната е скоро совршена, лесно и брзо се развива, а притоа има и пресврт преку кој режисерот си игра со вашите чувства, гледишта и морален суд.“

Оцена: 8.5/10 Летото претставува симбол на слобода, насмевка, љубов и авантура, а култниот Ингмар Бергман нè враќа на почетокот на филмскиот жанр именуван драма/романса. Шведскиот режисер Бергман со овој филм покажува зошто го носи епитетот култен филмски уметник. Носителот на дури 9 номинации за „Оскар“ од филмската академија постави постулат за современата, модерна драма/романса од кого сите нови режисери црпат инспирација. „Лето со Моника“ е црнобел филм од 1953 година сниман со ограничен буџет, кој е едвај одобрен од  филмската…

...„црна комедија која целосно ja прифаќа и слави немоќта на луѓето да се справат со ситуациите во кои се наоѓаат.“

Кон „Болница“ во режија на Џо Стромгрен и продукција на Џо Стромгрен Компани. Оцена: 3/5. Апсурдноста во уметноста не значи дека нештото логички е невозможно, туку дека нештото е невозможно за човекот. Уште со популаризацијата на ова движење во 20-тиот век, литературата и останатите видови на визуелни уметности се обидувале да ја прикажат и воедно критикуваат човековата тенденција да бара смисла во животот и да не успее да ја пронајде, поради нејзиното непостоење. Во 21виот век пак, театарската трупа на Џо Стромгрен…

...„перформанс кој поседува потенцијал да го прошири просторот на алтернативната театарска сцена во Македонија и креациите кои излегуваат од неа.“

Кон изведбата на „Црнила remix“ на МОТ 2018. Идеја и режија на Јордан Симонов, работена според „Црнила“ на Коле Чашуле. Играат Сања Арсовска (Неда), Павле Димковски (Христов), Стефан Вујисиќ (Луков), Владимир Петровиќ (Иван), Александар Михајловски (Фезлиев), Горан Ников (Методи) и Ненад Анѓелковиќ (Младичот). Разговараат Атанас Димитров, Дамијан Каранфилов и Јована Ѓорѓиовска.     А: Кога „миксот“ е добар во Црнила Ремикс, се чувствувате како да сте сопатник на ансамблот во едно впечатливо мултимедијално патување. Учесниците во перформансот го градат интензитетот еден…

„Убавата кинематографија го води филмот, ја надополнува глумата, сцените вдахнуваат светлина, но режисерот беспотребно го развлекува и толчи патешествието на главниот лик.“

Оцена: 5.5/10 „Транзит“ е современа филмска драма/трилер адаптација од истоимената новела („Транзит Виза“ - 1942 година) на германската писателка со еврејско потекло, Ана Сегерс. Германскиот режисер Кристијан Пецолд 76 години подоцна се обидува да ја соедини историјата со сегашноста, користејќи ја новелата како своевидно сценарио, притоа давајќи свој печат. „Транзит“ беше во потесниот избор за „Златна мечка“ на овогодинешниот фестивал во Берлин за најдобар филм. Германецот Пецолд ја има освоено наградата „Сребрена мечка“ во 2012 година за најдобар режисер со филмот…

„Ви останува само да се прашувате колку е тенка фасадата на совеста, ако паѓа по само неколку удари.“

Од изведбата на 24.09.2018,  43 Млад отворен театар, во Скопје. Во изведба на Szkéné Theatre – Forte Company - Будимпешта Режија: Чаба Хорват - Csaba Horvath Играат: Máté Andrássy, Borbála Blaskó, Csaba Krisztik, József Kádas, Norbert Nagy, Katalin Simkó, Csaba Okros. Откако нивната мајка ги остава на милост и немилост во куќата на нивната баба, двајца нераздвојни близнаци постепено ја заменуваат својата човечност со бескрупулозност. Паролите за љубов на мајката која ги напушта се брзо надвикани од секојдневните казни и…

„Артопија координирано „жонглираат“ со неколку приказни, но меѓу нив не се материјализира заеднички мотив и недостига емотивен набоj.“

Од премиерната изведба, 24.09.2018, 43.MOT. Оваа недела се одржа премиерата на претставата „Д Шииит“.  45-минутната претстава е во режија на Ирем Ајдин,а во продукција и изведба на „Артопија“. По нејзината изведба, остана чувството дека една состојка недоставува во целиот рецепт. За тоа што точно недостасува, повеќе кон крајот на рецензијава. Прво, за насловот и сцената. На минималистички наместената сцена се среќаваме со неколку елементи: неколку вентилатори, сценски светла и еден чаршаф кој е централниот реквизит за раскажувањето на приказната. Ова…

„Петар Милошевски е доволно храбар, „луд“ и талентиран да преземе емоционално оптоварувачка тема и да ја обработи на визуелно спектакуларен начин во вид на соло перформанс. “

Кон „Пасија по Биби“, соло-перформанс, текст, светло, музика и дизајн на Петар Милошевски. Оцена: 5/5. Култниот статус кој го добил „Блејд Ранер“ во 80тите години од минатиот век поттикнал низа на морални прашања кои се релевантни и ден денес. Право-пропорционално со развојот на технологијата расте и идејата за дигитална интимност и емоционална исполнетост. Дали луѓето, со помош на најсовремените апарати, очекувано напуштаат напори за вистинско поврзување? Хаотичниот и брз начин на живот не ни дозволува многу слободно време, па дали…