„Режисерката Нела Витошевиќ создала непретенциозна, внимателна, интимна, човечка претстава. Ова е претстава за луѓе од нашето секојдневие, за нас, за оние од публика и за тие на сцена.“

(За претставата „Странци“ според филмот „Совршени странци“ на Паоло Џеновезе, во режија на Нела Витошевиќ, Драмски театар - Скопје) даптирањето на филмско сценарио во театарски/драмски текст, секогаш е ризично, но доколку се направи како што треба дава одлични резултати. Претворањето на филмското сценарио во драмски текст, значи внимателно „преведување“ на јазикот на филмот, во јазикот на театарот. Кога станува збор за адаптација на еден филм како што е „Совршени странци“ (Perfetti sconoscuiti) на Паоло Џеновезе (Paolo Genovese) - прецизен, непретенциозен и…

...„алхемиски растворлив, содржински повеќеслоен и визуелно доследен.“

режија: Илдико Енејди улоги: Геза Морчањи, Александра Борбели, Золтан Шнејдер времетраење: 116 минути жанр: драма - романса Оцена: 4/5 ријатно ме изненадува репертоарската политика на киното Милениум. Посебно кога ја видов унгарската драма „На душа и тело“ од 2017 година. Не само поради фактот дека овој филм е магнет за награди: добитник на „златната мечка“ на 67 Берлинале, наградата ФИПРЕСЦИ на критичарите и новинарите во Берлин, номинацијата за „Оскар“ и наградата за најдобра европска актерка, туку поради фактот што станува…

"...моќна, магична театарска претстава во која главниот фокус е театарот и само театарот."

За претставата „Планинските џинови“ од Луиџи Пирандело, во режија на Паоло Маџели, копродукција на Албански театар – Скопје, Италијанската драма при ХНК „Иван Пл.Зајц“ – Ријека, Хрватска; Словенско стално гледалиште – Трст, Италија; Германскиот театар – Темишвар, Романија; Театар „Деже Костолањи“, Суботица, Србија. ога се создава претстава која е дел од проект финансиран од одредена организација и копродукција на неколку различни театри, може да се развие во две насоки – едната е да биде промотивен или маркетиншки трик со кој…

„Клишеата, кога се добро употребени, ја прават поефикасна и постегната приказната, но премногу е да се очекува дека ќе можат да ја издржат целата тежина на еден двочасовен филм на своите рамења.“

Во Обликот на Водата, Сели Хокинс ја игра Елиса Еспозито, нема жена, која како дете била најдена на брегот на некоја река, со пресечени гласни жици. Нејзините единствени пријатели се Џајлс (Мајкл Стулбарг), неуспешен илустратор на крајот на својата кариера, и Зелда (Октавија Спенсер) , со која Елиса работи заедно како чистачка во воената база, во која се извршуваат разни тајни експерименти. Кога ќе отиде на работа во базата, Елиза случајно се запознава со речно суштество, познато само како Средството,…