„Желба, гнев, разочарување, но и надеж се испреплетени во кохезивна приказна која со помош на фокусот на камерата во Конрад и неговите движења придонесува кон сочувство и разбирање. “

Кон „Викај ме Тони“ во режија на Клаудиуш Хростовски и кинематографија на Микал Лука. Оцена: 4.5/5. Животот на еден типичен 18 годишен тинејџер е навидум едноставен. Сè што треба е да учи за матурски испити, да одлучи за својата иднина преку изборот на соодветно образование, да биде добар во спорт/уметност за да има одобрување од своите врсници и да ги направи своите родители горди со сите свои животни одлуки. Ваквите притисоци кои се наметнати на едвај возрасни луѓе се сè…

....„одлична лекција за апологетите на еднаквите можности и сервирачите на мотивирачки цитати, бидејќи несомнено го тера гледачот да размисли дали и колку бил привилегиран во својот живот.“

Оцена: 4/5. Животот не почнува еднакво за сите. Нема секој еднаква шанса за благосостојба, иако многумина го тврдат тоа. „Фамилијата“ е одличен реален приказ за тоа. Во вистинска Фројдовска смисла, документарецот на словенечкиот режисер Рок Бичек, негов втор долгометражен документарен филм после „Класен непријател“ од 2013, покажува дека односите кои личноста ги има со родителите и најблиското семејство го дефинираат, моделираат и ненужно, но најчесто му го поплочуваат патот низ животот. Бичек своето брутално реалистично дело го снима во период…

„Одлуката да им се даде тотална слобода со движењето на камерата во просторот дозволува за час и 13-минутна одисеја во трагикомедијата што се нарекува пост-југословенско општество.“

Кон „Денови на Лудило“ во режија на Дамјан Ненадиќ и кинематографија на Маја Счуканец, Младен Баџун, Срѓан Ковачевиќ, Дамјан Ненадиќ. Оцена: 4.5/5. „Хомосексуалноста е грев, трансродовоста е грев, па зошто тогаш не го прогласат и национализмот како грев?“ - прашање кое целосно ја опфаќа средината во која живеат Maja Счуканец и Младен Баџун, хероите без наметки во долгометражното првенче на хрватскиот режисер Дамјан Ненадиќ. Замислете двајца пациенти на кои режисерот им дал камера да ги снимаат секојдневните активности. Скокајќи од…

...„добро осмислена медитација на тема суштината на сопственото постоење, љубовта кон најблиските, храброста да се живее и покрај сите проблеми и стравови.“

Кон „Лику - романска приказна“ во режија, кинематографија и монтажа на Ана Димитреску. Звук и музика на Џонатан Босеј и Курцио Доменико. Оцена: 5/5. „Јас сум единствениот кој наполни 90 години … продолжувам да живеам сосема сам, со своите спомени“. Како изгледа осаменоста во која единствени другари се личните предмети кои содржат приказни за едни други времиња? Колку политичко-економската ситуација влијае врз нашата благосостојба, сега и во иднина? Дали е грев да си верник или поголем грев е да ги…

...„естетиката на гнила земја каде надежта прва умира е совршено запазена и пулсира со чувства на сожалување, гадење и безизлезност.“

Кон „Фамилијата“ во режија и кинематографија на Рок Бичек. Оцена: 3.5/5 Крв, графички и нефилтриран приказ на породување на една жена и куче, телесни течности и ѓубре. Cinéma vérité како форма на документарен фимски приказ не се труди да ја скрие бруталноста и суровата вистина зад камерата, ниту пак да покрие вел на надеж врз животот на младиот Матеј кој е протагонист во емоционалниот ролеркостер на словенечкиот режисер Рок Бичек, „Фамилијата“. Снимен во реално време во период од 10 години,…

„Од една страна клаустрофобичното, магливо мало гратче од кое е тешко да се излезе, малиот број на ликови кои се појавуваат во филмот и едноличноста на животот таму. Од другата страна, имагинацијата и младешкиот ентузијазам на Конрад, кој на почетокот од филмот изгледа бесконечен.“

Оцена: 3/5. Замислете го “Lady Bird”, без холивудски тим, без накитено сценарио и позната актерска ѕвезда, со вистински машки лик, сместен во рурална Полска. Така ќе го добиете „Викај ме Тони“, документарен филм на полскиот режисер Клаудиуш Хростовски, чиј кинематографер е Мичал Лука, монтажата е на Себастиан Малик, а зад звукот стои потписот на Олга Пастернак. Овој документарец за животот на 18-годишниот Конрад Сервотка е типична приказна за растењето и созревањето, недоумиците кои ги носи станувањето возрасен и тешкотиите човек…

„10 филма, лежерна проекција и пријатен ветар во споредна улога, ладни пијалоци и полска музика - пикникот беше 7-часовен настан кој успеа каде што малку успеале претходно - успешно да победи летна монотонија во полумртов град. Уште четврток да беше утре.“

Со десет краткометражни документарни филмови, победници на Филмскиот фестивал во Краков од 1961 до 2000 година, вчера во Музејот на современа уметност во Скопје беше најавено деветтото издание на „Македокс“. Самите организатори на фестивалот сметаат дека токму во таа бројка -  девет – има нешто магично - зошто бројот 9 според нив вибрира со ексцентричност, визионерство, генијалност, неконформизам. Судејќи од претфестивалскиот настан „Полски Пикник“ кој послужи како мала закуска пред големиот оброк, темите кои ги обработуваат избраните филмови суштински ја…

...„не е само студија на еден карактер, туку заедничка работа на цел ансамбл каде сите актери успеваат индивидуално да ја доловат болката која кучињата ја чувствуваат кога се отуѓени од своите човечки сопатници, па и крајната реализација дека иако постојат луѓе кои ги сакаат, нив никој не ги поседува.“

Кон „Остров на кучињата“ во режија на Вес Андерсон, кинематографија од Тристан Оливер, музика од Александре Десплат. Оцена: 5/5. Кучињата, кои се протагонистите во новиот анимиран филм на американскиот мајстор на естетиката, Вес Андерсон („Големиот Хотел Будимпешта“, „Кралските Тененбаумс“), касаат, се тепаат меѓу себе за храна, но никогаш не лаат. Тие зборуваат на перфектно концизен aнглиски јазик со таков смирен и на моменти меланхоничен тон додека демократски одлучуваат за нивниот следен чекор во безизлезната ситуација во која се имаат најдено.…

„Текстот во стих одлично кореспондира на сцената, она што е проблематично е неговата интерпретација на ансамблот.“

Кон „Царот Владислав“ по текст на Борис Јанков, во режија на Бранко Ставрев и продукција на Народен Театар Струмица „Антон Панов“. /10.06.2018/ 22:00ч/ гостување во официјалната програма на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Сцена НУЦК „Марко Цепенков“ Оцена: 2/5  Историската драма е секогаш предизвик и храброст да се постави на сцена, особено кога сиот материјал е дел сопствената историја. Со овој текст на Борис Јанков за „Царот Владислав“ следено во пошироки рамки, создава  театарски диптих. Она што би се сметало…

„Пост-модерните сценски движења и футуристичките костими додаваат нова димензија на приказната - го затвораат кругот на модерната анализа на античкиот мит, со суптилни индикатори за неговата важност и во иднината.“

И митологијата може да биде модернизирана. Кон наградената изведба на „Кралските копилиња“ на Фестивалот на античка драма „Стоби“ 2018. Авторски проект на Сашо Димоски; во продукција на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Оцена: 4/5. Кога последен пат сте погледнале македонска претстава која храбро излегла од „кутијата“? Претпоставувам, се сетивте на неколку наслови. Kолку од нив се во продукција на национална институција? Многу малку или речиси и да ги нема. Сашо Димоски со „Кралските копилиња“ го постигнува токму тоа:…