„За момент лебди прашањето над публиката дали е крајот однапред режиран на тој начин или едноставно приказната стана реалност, приказната станавме ние?“

Кон монодрамата „Јас, Селма“ на Милош Б. Андоновски Игра: Симона Спировска Режија: Милош Б. Андоновски Монтажа на звук: Сашко Потер Мицевски Оцена: 4/5 Првенче на младиот режисер Милош Б. Андоновски, монодрамата „Јас, Селма“ е приказна за младата бегалка Селма и актерката Симона (дел од култната претстава „Нашиот клас“ како и од невладината организација Артопиа која успешно се пробива на алтернативната театарска сцена). Монодрамата е жанр кој е нетипичен за прво поставување што го прави потегот на режисерот за почеток на својата…

„Секој детал поврзан со креираната атмосфера на неизвесност е позитивно Хичкоковска; Џон Кразински успева да го долови тоа чувство на неспокој во секоја нема и суптилна реакција.“

Кон „Тивко место” во режија на Џон Кразински, кинематографија: Шарлот Брус Кристенсен, музика: Марко Белтрами. Оцена: 4/5. Уште во првите 10 минути седејќи во седиштето во киното, човек може да почувствува дека нешто не е во ред. Тотална тишина. За некое чудо, дури и во кино салата владее целосен молк и создава чувство на штрек и немир. Тоа во неколку реченици е краткиот синопсис за атмосферата која ја креира „Тивко Место“ уште од самиот почеток, без дијалог и потпирајќи се само на…

„Наспроти смелото фразирање на насловот, впечатокот кој претставата го остава е млак и минлив.“

Од изведбата на „Ромео и Јулија (НЕ Трагедија)“  на Битола Шекспир Фестивал Режисер: Нурлан Асанбеков (Nurlan Asanbekov) Академски Руски Драмски Театар - Казахстан Насловот на претставата „Ромео и Јулија (НЕ трагедија)“  звучи како да ви најавува некоја сосема нова визија за тоа како да го читате и гледате Шекспир.  Наспроти смелото фразирање на насловот, впечатокот кој претставата го остава е млак и минлив. Причинa за тоа е што Нурлан Асанбеков нема режисерска експликација во сопствената претстава. Таа се изведува во…

„Шармот на претставата е непобивлив, но инструментите се раштимани и неусогласени, па не го доловуваат целиот сјај на приказната.“...

Што се топи побрзо во една претстава: симболичниот снег на сцената или ентузијазмот за игра на ансамблот? Кон изведбата на „Зимска бајка“ на Шекспир Битола Фeстивал 2018. Режија: Дино Мустафиќ, продукција: Црногорски народен театар. Оцена: 3/5. Наместо студена атмосфера преку која на сцената во Центарот за култура во Битола ќе оживеат ликовите од Шекспировата „Зимска бајка“, големиот ансамбл од Црна Гора одигра „разводнета“ верзија од претставата поставена пред неполна година. Иако сите аспекти од претставата технички беа „на место“, недостигаше…

„Недостатокот на звуци или минималните шумови го изоструваат увото и држат во состојба на будност и исчекување дека нешто ужасно ќе се случи.“

Оцена: 4/5 „Тивко место“ (A Quiet Place), третиот долгометражен филм на режисерот и актер Џон Красински, е остварување кое го „превртува“ шаблонот за хорор-трилер наопаку. Ги следи и преработува клишеата од различен агол и нуди необичен исход на нешто што вообичаено би бил типичен, здодевен и веќе виден пост-апокалиптичен хорор. Работен е според сценарио на Скот Бек, Брајан Вуд и Џон Красински, кој освен режијата и сценариото, и самиот глуми во филмот. Покрај него, главните улоги ги толкуваат Емили Блант,…

„Меѓу Паковиќ и дуото актери не недостига координација, но честите прекинувања на сцените меѓу актерите не дозволуваат да се создаде доволно наративна инерција за расплетот да има вистински, емотивен удар.“

Кон изведбата на „Отело – незаконска литургија“  на Шекспир Битола Фестивал 2018. Режија: Златко Паковиќ, продукција: Театар Верди – Задар, Хрватска. Со „Отело –незаконска литургија“, Златко Паковиќ ги врзува се’ уште отворените рани на денешна Европа со таа, историската на Шекспир.  Во претставата која е предавање, и предавањето кое е претстава, Паковиќ ја соголува фабулата до коска. Самиот директно учествува во својата претстава, како Хорот. Облечен во касапска престилка, вели: „Секогаш кога се работи Шекспир, облечете престилка, затоа што ќе…

„Изморена и вознемирена, публиката аплаудираше на очигледно незавршена сцена што е дополнителен показател за неодржливото темпо на претставата и изгубениот ентузијазам на гледачите.“

Кога деловите од сложувалката не се усогласени. Кон „Клетници“, работена по романот „Клетници“ на Виктор Иго, првонаградена на 53тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Режија: Мартин Кочовски, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп. Оцена: 2/5 По речиси месец дена од изведбата на „Клетници“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, сѐ уште си ги поставувам истите прашања. Со ризик да звучам арогантно, навистина ме интересира што би рекол Виктор Иго ако дознае дека неговата приказна за француската револуција била претворена во еден…

...„рамномерното, брзо темпо на репликите, визуелните и звучните ефекти, не дозволува на површина да излезе најважното – приказната.“

Од изведбата на iHamlet, во програмата на Битола Шекспир фестивал, 26.06.2018 „Не можеш ни да забрзаш, ниту да премоташ, како да си на некој тобоган на кој не знаеш ни како си се качил“ Сценограф и тонски техничар киднапираат режисер и четири актери и им ги нафрлаат сите разумни и неразумни барања кои можете да ги замислите. Плашејќи се за својот живот, трупата и режисерот се согласуваат на сѐ.   Отприлика така може да се опише поставувањето на iHamlet на театарот…

„Младеновиќ и трупата во длабокиот мрак наоѓаат зрак светло и го споделуваат со светот.“

Од изведбата на „Сонет 66“ на Битола Шекспир Фестивал, 25 јуни, 2018 Режија: Кокан Младеновиќ (Kokan Mladenovic) Игра: Csiky Gergely Hungarian State Theatre Timisoara “Tired with all these, for restful death I cry..." Шекспировиот Сонет број 66 е атипичен по својата конструкција. Повеќето негови сонети  најчесто имаат пресврт, од  темно на светло, со доза на надеж  во себе. Светогледот на Шекспир во овој сонет останува мрачен скоро до самиот крај.  Кокан Младеновиќ и Унгарскиот народен театар Цсики Гергели од Тимисоара…

„Де Бреа поставува специфична актерска игра која се темели на дистанца и дозирана емоција, така што публиката е свесна дека без разлика на недостигот од експресирана емоција, сепак таа ја има и е поблиска на секој од нас, што низ секојдневието се справува со предизвиците на животот.“

(За претставата „Крал Лир“ од Вилијам Шекспир, во режија на Диего Де Бреа, продукција на Турски театар – Скопје)             Колку и да е сложено читањето и/или поставувањето на Шекспир (а се смета повеќе за такво, отколку што е), секогаш треба да се знае основното, дека во секоја од неговите драми постои водечка емоција што тој ја прикажува преку драмата на централните ликови. Диего де Бреа е еден од ретките режисери кои во своите драматуршки интервенции го чита Шекспир на…