...„добар пример за тоа дека за квалитетна претстава е доволна една јасна порака, идеја како да ја пренесете и ансамбл кој знае тоа да го направи.“

Од изведбата на фестивалот Млад отворен театар, 24.09.2018. Кореографија: Искра Шукарова, Урсула Еагли. Играат: Студентите на ФМУ и  Габриела Трајчевска. „Сонував чудна шума... имаше сѐ!!“ Во фоајето на Македонската филхармонија, тивко и ненаметливо започна изведбата на „Чудна Шума“. Вработените во објектот мораа да ги замолат гостите, задлабочени во дискусија, да го насочат своето внимание кон трите млади танчари кои се појавија меѓу нив. Без музичка подлога, во тишина, почетокот на перформансот се гради повеќе на внимателно одбрани пози, отколку на…

„Додека екипата балансира помеѓу филмот и театарот, нивната вешта синхронизација веќе станува предвидлива и досадна со секоја измината минута.“

Висок данок и висок напон, високи позиции и високи очекувања. Отворањето на Млад отворен театар 2018 им припадна на Collectif Mensuel од Белгија со претставата „Блокбастер“. Во описот на претставата стои дека станува збор за филм-пародија, создаден со повеќе од 1400 кадри извадени од 160 холивудски филмови. Оваа масивна монтажа создава приказна која го опишува светот како место во кое високата класа го диктира квалитетот на живот на обичниот народ. Развојот на дејствието е клише борба помеѓу доброто и злото,…

„Маестралноста на „Блокбастер“ лежи во прецизната дијагноза на социо-политичките циклуси и нивната универзалност, во комбинација со способноста за „приземјување“ на приказната во локалниот контекст преку употреба на само една обична парола.“

Кон белгискиот филм-пародија „Блокбастер“ во продукција на Collectif Mensuel, кој го отвори 43-тото издание на фестивалот Млад отворен театар. Оцена: 4/5. Која е најдобрата утописка визија за иднината? Како таа да се претвори во реалност без притоа да се поттикнат нови непријатности? Имаме ли како човештво План Б за решавање на некои од најголемите потенцијални конфликти, настрана од прогласување вонредна состојба? Пародијата „Блокбастер“ ги отвора сите овие прашања, но одговорите се во најмала рака апстрактни. Иако се доволни за да…

„На изворниот текст му е доволен само превод за да биде јасен и да допре до современата публика. За жал, неколку нејасни режисерски одлуки на Хакоб Газанџјан одземаат од инаку солидната изведба.“

Од втората изведба, 29.07.2018 во Античкиот театар Стоби, како дел од програмата на Фестивалот на Антички Драми Стоби. Уште во античката доба, претставите на Аристофан важеле за популарна уметност. Или, како што би кажал еден од нашите драматурзи – „ естрада“.  „Лисистрата“е одличен пример за тоа. На изворниот текст му е доволен само превод за да биде јасен и да допре до современата публика. За жал, неколку нејасни режисерски одлуки на Хакоб Газанџјан одземаат од инаку солидната изведбата  на  „Лисистрата“.…

„Двочасовно оттргнување од реалниот свет, претстава необременета од политичките превирања од регионот, без агресија, без шокирање на сетилата, претстава која успева да разбуди имагинација, да го сруши светот на опипливото и физички докажаното и возможното, претстава која останува долго во неколку слоеви од нашата свест и потсвест.“

Кон претставата „Ајнштајновите сништа“  работена по романот на Алан Лајтмен во режија на Слободан Унковски одиграна во МНТ на 30.05.2018, гостување на Југословенско драмско позориште од Белград. Оцена: 5/5. Има некој што се сомнева во успешноста на Унковски во поставување на возбудлив и неконвенционален драмски текст каков што е „Ајнштајновите сништа”? Ако има, нека помине два часа во театар и нека излезе разуверен и маѓепсан. Сценографија: бродска палуба и време! Се прашувате како се прикажува времето на сцена? Numen/for use…

„Вниманието кон деталите и трудот кои Димоски и сите вклучени во проектот ги вложиле се исплатат. „Кралските копилиња“ зрачи со енергија.“

Од изведбата на „Кралските Копилиња “ на  26 07 2018 во програмата на ФАД Стоби во Велес Кралските Копилиња е авантгарден проект на кој просечната домашна театарска институција најверојатно не би се нафатила.  За среќа, Сашо Димоски, нејзиниот автор и режисер, има плодна соработка со ансамблот на театарот Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Ова искуство му дозволува претставата да ја постави со самодоверба и цврста, но мирна рака. Димоски ја истражува судбината на семејството на грчкиот крал Агемемнон (Васил Зафирчев).…

„Текстот на Јанков, во римуван стих, дава особена мелодичност на претставата и го задржува вниманието до самиот крај. Наративот е занимлив, загадочен и лесно следлив. Минималистичката сценографија на Ставрев користи внимателно уредени елементи заедно со нарацијата на дворскиот шут за да ги обележи локациите на сцените. “

Во „Царот Владислав“,  режисерот Бранко Ставрев  го води ансамблот на НУЦК Антон Панов од Струмица низ интригите и заговорите кои го заокружуваат распадот на Самоиловото царство.  Ставрев, инспириран од елизабетанскиот и средовековниот театар, ja поставува ја изведбата во ритам со текстот на Борис Јанков. Нема да згрешите ако приказната за Царот Владислав ја наречете „Македонскиот Макбет“. Taa говори за внатрешните конфликти, за корупцијата на моќта и на тие кои трагаат по неа.  По смртта на Цар Самоил, неговиот син кнез…

...„актерите се соголуваат целосно емотивно, актерската игра е доведена до совршенство, разголувањето само го намалува впечатокот.“

Кон претставата „Доктор Фауст“на Битолски народен театар, одиграна на Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Оцена: 4/5 Доктор Фауст е протагонист на класична германска легенда базирана на историскиот лик Јохан Георг Фауст, која била и е инспирација за бројни литературни, филмски, драмски дела, музика. Најпознати се драмските текстови на Гете и Кристофер Марлоу. Зборуваат за човек, Фауст, со нескротлива жед за целото земно знаење и телесни задоволства кој, со цел да ги добие, ја отфрла шансата за влез во…

...„режисерот успеал да направи многу работи за претставата, но ја запоставил актерската игра. Претстава во која револуцијата ќе биде далеку од сцената на која треба да се изведе.“

Затни ги ушите. Има револуција. Таму, некаде. Од изведбата на „Клетници“ на 9-ти јуни на Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп при 53-тото издание на Македонскиот Театарски Фестивал. Оцена:3/5 Претставата е работена според истоимениот култен роман на Виктор Иго, во драматизација на Горјан Милошевски и режија на Мартин Кочовски. Музиката е на македонскиот бенд Фолтин (дел од членовите на бендот и играат и во претставата), додека костимографијата, сценографијата и дизајнот на светло се на Јулијана Војкова Најман. Играат: Владимир Ѓорѓијоски, Александар…

„Текстот во стих одлично кореспондира на сцената, она што е проблематично е неговата интерпретација на ансамблот.“

Кон „Царот Владислав“ по текст на Борис Јанков, во режија на Бранко Ставрев и продукција на Народен Театар Струмица „Антон Панов“. /10.06.2018/ 22:00ч/ гостување во официјалната програма на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Сцена НУЦК „Марко Цепенков“ Оцена: 2/5  Историската драма е секогаш предизвик и храброст да се постави на сцена, особено кога сиот материјал е дел сопствената историја. Со овој текст на Борис Јанков за „Царот Владислав“ следено во пошироки рамки, создава  театарски диптих. Она што би се сметало…