„Во 140-минутната визија на Паоло Маџели, комичниот и драматичниот аспект на претставата не градат доволна синергија, a за жал, не опстојуваат ни самостојно.“

Кон изведбата на  „Еден месец на село“ во МНТ, 18.10.2018 Режија: Паоло Маџели. Текст: Иван Сергеевич Тургењев. Драматургија: Желка Удовичиќ.   Сржта на дејството на „Еден месец на село“ е во приказната за младиот тутор Алексеј Бељаев (Стефан Спасов), во кој се заљубуваат мајката на неговиот ученик, Наталија Петровна (Сашка Димитровска) и нејзината млада штитеничка Вера Александровна (Дарја Ризова). Истовремено, помеѓу нив и останатите ликови се случуваат уште неколку успешни и неуспешни љубовни врски. Режисерот Маџели наметнува галопирачко темпо на…

„Претставата брзо преоѓа од воздржана прошетка низ сеќавањата, во изнасилена Балканска комедија, за на крај виорот на траумите да ги зафати сите ликови и да ги натера да се соочат со минатото.“

Кон „Брашното во нашите вени“, првонаградена претстава на ИТФ Скупи 2018. Автор: Игор Штикс, режисер: Борис Лијешевич. Поставена во 2015 година како копродукција на Stage Mess и ЈУ Воен театар Сартр - Сараево. Оцена: 4/5. Што се случува кога трансгенерациската траума не останува на своите првични географски координати, туку се проширува и врз генерациите кои се родени и живеат преку Атлантскиот Океан? Колку долго вреди да се чека за да се отворат незараснатите рани, во пуста надеж за нивно конечно…

„Претставата ја транспортира публиката на сцена, а ликовите, извлечени од колективната потсвест, одѕвонуваат во иста фреквенција со нејзиниот внатрешен монолог.“

Од изведбата на „Физика на тагата“ на Бела Ноќ, 06.10.2018, во Скопје. Режисер: Милош Андоновски Изведба:  Театар Куманово Има ли тагата вкус, мирис, боја? Може ли да се измери? Да се процени или пресмета? Тим на искусни физичари тргнува да ги открие овие одговори. Романот на Георги Господинов, „Физика на тагата“, има важна улога во ова истражување. Физичарите го читаат и мерат, одигрувајќи сцени од кратките приказни во него. Драмската адаптација на Ивана Нелковска го создава сврзното ткиво меѓу сцените…

„Дали тие намерно одлучиле да направат едно колективно патување со временска машина во 20тиот век за да ни посочат дека тогашните проблеми на Балканот се актуелни и денес? Или пак, оваа постановка е резултат на буквалистичко читање на драмскиот текст?“

Кон изведбата на „Буре барут“ на МОТ 2018. Режија: Нина Николиќ, продукција: Босански национален театар од Зеница. Оцена: 2/5. Секогаш кога ќе дознаам дека се подготвува нова постановка на некој од веќе многу поставуваните драмски текстови, се прашувам што ново ќе понудат режисерот и актерскиот ансамбл, како ќе ги направат репликите релевантни за новиот контекст. Инаку зошто би одлучиле да инвестираат време, труд и финансии во показна вежба наречена „поставување на култен текст по формулата од праизведбата“? Периодов често си…

...„во претставата вградил мрачно огледало низ кое публиката треба да се види себеси. Да се види и да се соочи со изолацијата и загушувањето на сопствената емпатија.“

Од изведбата на „Пасија по Биби“ 25.09.2018, 43 МОТ 2018 Текст, режија, музика, сценографија: Петар Милошевски.   „Изведувај ми! Играј ми некаква улога!“ - Господарот, кон Биби Во „Пасија по Биби“, публиката не може, но да не се судри со сопствената изолација. Во проектот во кој е автор, одговорен за светло, музика и дизајн на сцена, Петар Милошевски успева да создаде сложен преглед на болките и болестите на денешницата во нешто помалку од еден час. Во светот во кој луѓето…

„Откако ќе ја „пробиете“ формулата, сцените одеднаш не се толку занимливи, иако го задржуваат вниманието до самиот крај.“

Од изведбата на 43. МОТ, на 25.09.2018 Режија: Кокан Младеновиќ. Продукција: Народен театар - Битола.   „Прво беше темно, па би светло, па Господ ги направи Македонците!“ Со зурли, тапани и изненадувачки - рап нумери, започна почетокот на претставата „Но(е)ва Македонија“. Ансамблот од првиот момент ја нападна сцената. На неа, колосалните дрвени ребра на звучната Ноева Арка се прошарани со платна во македонското жолто и црвено. Облечени во шлемови на антички воини, актерите како да водат војна со тој необичен…

...„ќе продолжи да зрее со секоја наредна изведба со што може да се развие во ново капитално дело од македонскиот театар.“

Кон изведбата на „Црнила remix“ на МОТ 2018. Идеја и режија на Јордан Симонов, работена според „Црнила“ на Коле Чашуле. Како да се интерпретира убиството на идеалите за да се понуди свежо видување и за оние кои веќе виделе неколку постановки на „Црнила“ и за младите за кои култниот текст на Чашуле е „само уште една лектира“? Оригиналноста на „Црнила remix“ лежи во музичката обработка на приказната - резултат на соработката меѓу Симонов и хип хоп екипата „Зад аголот“. Претставата…

„Андоновски промислено ја остава сцената скоро празна и го дава главниот фокус на Спировска и на Селма. „Јас, Селма“ има срце, затоа што Симона Спировска игра со срце.“

Од изведбата на „Јас, Селма“ на 20.05.2018, во МКЦ. Режија: Милош Андоновски Игра: Симона Спировска Монтажа на звук: Сашко Потер Мицевски Во монодрамата  „Јас, Селма“ , ја запознаваме Селма, која пребегнува во Македонија во последниот момент пред да се затворат границите. Срамежлива и повлечена, пелтечи кога треба да говори македонски. Во фиктивната блиска иднина во која се случува дејството, таа се запознава со актерката Симона Спировска, која треба да ѝ помогне да го научи јазикот. Низ интеракцијата на Селма со Симона,…

...„црна комедија која целосно ja прифаќа и слави немоќта на луѓето да се справат со ситуациите во кои се наоѓаат.“

Кон „Болница“ во режија на Џо Стромгрен и продукција на Џо Стромгрен Компани. Оцена: 3/5. Апсурдноста во уметноста не значи дека нештото логички е невозможно, туку дека нештото е невозможно за човекот. Уште со популаризацијата на ова движење во 20-тиот век, литературата и останатите видови на визуелни уметности се обидувале да ја прикажат и воедно критикуваат човековата тенденција да бара смисла во животот и да не успее да ја пронајде, поради нејзиното непостоење. Во 21виот век пак, театарската трупа на Џо Стромгрен…

...„перформанс кој поседува потенцијал да го прошири просторот на алтернативната театарска сцена во Македонија и креациите кои излегуваат од неа.“

Кон изведбата на „Црнила remix“ на МОТ 2018. Идеја и режија на Јордан Симонов, работена според „Црнила“ на Коле Чашуле. Играат Сања Арсовска (Неда), Павле Димковски (Христов), Стефан Вујисиќ (Луков), Владимир Петровиќ (Иван), Александар Михајловски (Фезлиев), Горан Ников (Методи) и Ненад Анѓелковиќ (Младичот). Разговараат Атанас Димитров, Дамијан Каранфилов и Јована Ѓорѓиовска.     А: Кога „миксот“ е добар во Црнила Ремикс, се чувствувате како да сте сопатник на ансамблот во едно впечатливо мултимедијално патување. Учесниците во перформансот го градат интензитетот еден…