...„вкусот во устата по филмот е силен и горлив, како што најверојатно и целел Столевски.'

„Види ја ти неа“ на режисерот Горан Столевски гради директен и остар коментар за бременот кој традиционалното општество го товари врз маргинализираните. Анета (Сара Климоска) е средношколка која е подложена на навреди од своите соученици поради својата сексуална ориентација. Откако автомобил ќе го прегази нејзиниот телефон, таа наоѓа неочекувано решение за тоа како да добие нов – скокајќи по крстот за време на празникот Водици. Ова предизвикува низа на негативни реакции во нејзината околина. Климоска е главниот стожер на филмот,…

...„цензурирана верзија без карактеристичниот магнетен маскулинитет и членови на бенд кои се морално безгрешни во светот на развратните 80-ти.“

Кон „Боемска Рапсодија“ во режија на Брајан Зингер, сценарио на Ентони Мек Картер, кинематографија на Њутн Томас Зигел. Оцена: 2.5/5. Влијанието кое култниот музички состав „Квин“ го има врз светската култура е неспорно. Огромен дел се должи на неверојатно харизматичниот и талентиран пејач Фреди Меркјури, кој според официјалните биографии водел доста „колоритен“ живот. Имено, шокантно е дека поминале 27 години без да се портретира неговата приказна на големиот екран. Шармантен, андроген, енергетичен и носител на можеби најмоќниот вокал на сите…

...„дури и музиката на Хавиер Лимон е прилагодена нагло да ги менува тоновите при откривање на „шокантните“, клише мистерии.“

Кон „Сите знаат“ во режија и сценарио на Асгар Фаради, кинематографија на Хозе Луис Алкен. Оцена: 3/5. Откако успешно се пробил во светската кинематографија со еден од фаворитите на светската критика „Разделба“, иранскиот оскаровец Асгар Фаради доби статус на миленик. Неколку години подоцна, тој е архитектот на уште еден филм кој длабоко резонирал со светското социјално и политичко движење - „Продавач“. Како човек со таква репутација, кој доби статус на експерт во прикажување на интимната човечка состојба и неговата борба…

„За жал, неколкуте прекини додека се играше претставата не дозволуваат да се даде заокружена оцена или став за неа.“

Разговараат Атанас Димитров и Јована Ѓорѓиовска. А: Ова требаше да биде рецензија за претставата „Окупирај се“, која требаше да игра на Интернационален театарски фестивал „Скупи“ 2018. За жал, неколкуте прекини додека се играше претставата не дозволуваат да се даде заокружена оцена или став за неа. Претставата на Независен театар Проект Чекална, говори за зависностите и пороците, секојдневни и несекојдневни. Таа е заснована на текстови од самите актери, поезијата на Портија Нелсон и извадоци од „Тибетанската книга на животот и смртта“…

„Помладата публика ќе ужива во акцијата, а постарата ќе најде неколку намигнувања и шеги кои се внимателно поставени само за повозрасните.“

Во концизно, комерцијално час-и-половина пакување,  Нетфликс и Клеј Кејтис ја презентираат современата верзија на божиќниот филм. Главната приказна цврсто се држи до познат терен – 11-годишната Кејт (Дарби Кемп) сѐ уште верува во Дедо Мраз. Таа, нејзиниот брат Теди (Џуда Луис) и нејзината мајка Клер (Кимберли Вилијамс - Пејсли) мораат да го преживеат првиот Божиќ без татко им, пожарникар кој загинал спасувајќи некого од пожар.  Теди се справува со неговата загуба правејќи мали прекршоци и криминали, кои полека почнуваат да…

„Дали „Аквамен“е добар филм? Не, но знае што продава.“

Кон „Аквамен“ во режија на Џејмс Ван, сценарио на Дејвид Лесли Џонсон - МекГолдрик и Вил Бил, кинематографија на Дон Буржес. Оцена: 3/5. Понекогаш, доволно е да се појави режисер поддржан со солиден буџет за да оствари 153-минутно долгометражно издание полно со бизарни настани во најнеобични локации и уште поневеројатна акција. Алудирам на спектакуларни вители, неверојатни оружја од плазма, џиновски заседлани морски коњи и ракови кои се потчинети на луѓе кои живеат во морето, ласерски оружја кои како да му…

...„претстава во која очигледно е вложено многу труд: актерите доживуваат по неколку трансформации во текот на дејството, сценографијата е реалистично комплексна, а модернизираните костими се одлично ставени во функција на актерските улоги.“

Кон изведбата на „Еден месец на село“ на 18.10.2018. Режија: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар. Оцена: 3/5. Што би добиле кога ќе вкрстите софистициран режисерски сензибилитет, неверојатно квалитетен ансамбл и солидна драма на Тургењев? Би сакала одговорот да е одлична претстава, но тоа не е случајот со „Еден месец на село“, претставата што премиерно ја прикажа МНТ. Различните нивоа на посветеност кон крајниот продукт се и повеќе од очигледни - Маџели паралелно подготвуваше уште една претстава во Загреб, па…

„Збиеното дејство, некохерентните ликови и веќе видените блокбастер стереотипи го прават „Смртоносни машини“ невпечатлив и заборавлив.“

„Смртоносни машини“, најновиот филмски производ на Питер Џексон, врие од приказни, ликови и неисполнет потенцијал.  Адаптиран од книгите на Британецот Филип Риив, филмот прикажува дистописки свет во кој градовите-држави повторно се враќаат на глобалната сцена. Илјада години откако последната голема војна ќе го опустоши светот, концептот на суверени држави регресира според принципот на „општински дарвинизам“. Современите градови сега се мобилни, моторизирани. Лондон, најпознатиот од нив, преживува како предатор, ловејќи ги помалите градови и нивните жители. Еден од главните архитекти на…

...„Демијан Шазел прави хет-трик при адаптација на официјалната биографија на првиот човек на месечината - носејќи ги и најголемите скептици до Месечината и назад, буквално.“

Кон „Првиот човек на месечината“ во режија на Демијан Шазел, сценарио на Џош Зингер, кинематографија на Лајнус Сандгрен. Оцена: 4.5/5. Квалитетот на холивудските биографските филмови е таков да тие најчесто се користат како доказ за познавање на општата култура и покажување на статус при секојдневни разговори помеѓу луѓето на кафе пауза од работа. Обработката на личноста на Нил Армстронг во долгометражно издание ги подига истите стравови, но тие за среќа се неосновани. Најмладиот носител на признанието за најдобар режисер во…

„Сите учесници/создавачи на претставата создале единство на сценските знаци кои ја градат комплетната, сложена семантика на изведбата, во која една од најважните алки е ансамблот на МОБ.“

Сите среќни претстави си наликуваат една на друга. Секоја несреќна претстава е несреќна на свој начин. Лична забелешка   Непосредно пред самиот истек на сезоната низ театарските куќи, билансот на уметнички остварувања низ македонските продукции за 2018-тата не бележи никаков спектакуларен одек низ балканските театарски кулоари. Всушност, последното македонско сценскоизведувачко пенетрирање по европскиот мејнстрим е единствено Електра на Андри Жолдак, продукција на МНТ од 2014-тата година, за што постои фактографија во број на фестивалски учества, гостувања и број на освоени…