...„не е само студија на еден карактер, туку заедничка работа на цел ансамбл каде сите актери успеваат индивидуално да ја доловат болката која кучињата ја чувствуваат кога се отуѓени од своите човечки сопатници, па и крајната реализација дека иако постојат луѓе кои ги сакаат, нив никој не ги поседува.“

Кон „Остров на кучињата“ во режија на Вес Андерсон, кинематографија од Тристан Оливер, музика од Александре Десплат. Оцена: 5/5. Кучињата, кои се протагонистите во новиот анимиран филм на американскиот мајстор на естетиката, Вес Андерсон („Големиот Хотел Будимпешта“, „Кралските Тененбаумс“), касаат, се тепаат меѓу себе за храна, но никогаш не лаат. Тие зборуваат на перфектно концизен aнглиски јазик со таков смирен и на моменти меланхоничен тон додека демократски одлучуваат за нивниот следен чекор во безизлезната ситуација во која се имаат најдено.…

„Без разлика дали ги анализираме завесите за бања во пилотската кабина, неконзистентноста во транзициите од сцена во сцена, аматерски напишаната нарација или бизарноста на главниот заплет, филмот е еден вид интерактивна игра за барање грешки.“

Како да направите филм кој е толку лош, што се смета за најлошиот „Б-страна“ производ на сите времиња и по речиси 60 години, сè  уште е тема на подбив и школски пример за како не треба? Тоа прашање може да ви го одговори “Plan 9 from Outer Space” („План девет од вселената“). Со режија и сценарио на американскиот актер и режисер Ед Вуд, кинематограферот Вилијам С. Томпсон, и уникатната сценографија на Том Кемп, ова бизарно и аматерско филмско остварување од 1959…

„Можеби ова ви звучи на типичниот емотивен македонски филм со фолклорни елементи, но кога ќе навлезете во деталите ќе ја разберете вистинската замисла и уникатната, кодирана визија за филмот.“

Оцена: 4/5 Живописните македонски села во себе кријат многу приказни, секое од нив со посебен шмек, сопствен карактер и безброј генерации кои оставиле свој траг. Оваа култура и историја полека затајува, селата остануваат празни, исполнети со тишина, сеќавањата избледуваат и се заборава овој дел од традицијата. Сето ова кога би го склопиле во едно краткометражно филмско остварување би дошле до „Ќе дојдат децата“. Младата талентирана режисерка Ана Јакимска преку нејзиниот трет краткометражен филм во соработка со сценаристот Бранко Костески ни…

...„непостојаноста, нестабилноста на границата и самото двојство помеѓу создавањето и уништувањето во склоп со родовите улоги, се само два аспекта низ кои може да се разгледуваат содржината и сликите на овој филм.“

Филмско остварување кое може да ја прошета публиката од научната фантастика до психолошкиот хорор, неминовно навлегувајќи во сферите на романсата, но и критиката на традиционалните општествени структури. Режија и сценарио: Алекс Гарланд (адаптација на истоимената новела „Анихилација“ од трилогијата „Јужното достигнување“ („The Southern Reach“) во авторство на Џеф ВандерМиер); Гарланд е сценарист на повеќе филмови, режисер на филмот „Ex Machina“, како и автор на неколку новели. Жанр: Научна фантастика и психолошки хорор Актери во главните улоги: Натали Портман, Џенифер Џејсон…

„Секој детал поврзан со креираната атмосфера на неизвесност е позитивно Хичкоковска; Џон Кразински успева да го долови тоа чувство на неспокој во секоја нема и суптилна реакција.“

Кон „Тивко место” во режија на Џон Кразински, кинематографија: Шарлот Брус Кристенсен, музика: Марко Белтрами. Оцена: 4/5. Уште во првите 10 минути седејќи во седиштето во киното, човек може да почувствува дека нешто не е во ред. Тотална тишина. За некое чудо, дури и во кино салата владее целосен молк и создава чувство на штрек и немир. Тоа во неколку реченици е краткиот синопсис за атмосферата која ја креира „Тивко Место“ уште од самиот почеток, без дијалог и потпирајќи се само на…

„Недостатокот на звуци или минималните шумови го изоструваат увото и држат во состојба на будност и исчекување дека нешто ужасно ќе се случи.“

Оцена: 4/5 „Тивко место“ (A Quiet Place), третиот долгометражен филм на режисерот и актер Џон Красински, е остварување кое го „превртува“ шаблонот за хорор-трилер наопаку. Ги следи и преработува клишеата од различен агол и нуди необичен исход на нешто што вообичаено би бил типичен, здодевен и веќе виден пост-апокалиптичен хорор. Работен е според сценарио на Скот Бек, Брајан Вуд и Џон Красински, кој освен режијата и сценариото, и самиот глуми во филмот. Покрај него, главните улоги ги толкуваат Емили Блант,…

...„алхемиски растворлив, содржински повеќеслоен и визуелно доследен.“

режија: Илдико Енејди улоги: Геза Морчањи, Александра Борбели, Золтан Шнејдер времетраење: 116 минути жанр: драма - романса Оцена: 4/5 ријатно ме изненадува репертоарската политика на киното Милениум. Посебно кога ја видов унгарската драма „На душа и тело“ од 2017 година. Не само поради фактот дека овој филм е магнет за награди: добитник на „златната мечка“ на 67 Берлинале, наградата ФИПРЕСЦИ на критичарите и новинарите во Берлин, номинацијата за „Оскар“ и наградата за најдобра европска актерка, туку поради фактот што станува…

„Клишеата, кога се добро употребени, ја прават поефикасна и постегната приказната, но премногу е да се очекува дека ќе можат да ја издржат целата тежина на еден двочасовен филм на своите рамења.“

Во Обликот на Водата, Сели Хокинс ја игра Елиса Еспозито, нема жена, која како дете била најдена на брегот на некоја река, со пресечени гласни жици. Нејзините единствени пријатели се Џајлс (Мајкл Стулбарг), неуспешен илустратор на крајот на својата кариера, и Зелда (Октавија Спенсер) , со која Елиса работи заедно како чистачка во воената база, во која се извршуваат разни тајни експерименти. Кога ќе отиде на работа во базата, Елиза случајно се запознава со речно суштество, познато само како Средството,…