"Секоја приказна од низата настани кои го сочинуваат овој филм се состои од минималноста на зборовите на нараторот или протагонистите во сцените кои се изгубени, осамени и скршени срца."

Кон „За бесконечноста“ во режија и сценарио на Рој Андерсон, кинематографија на Гергели Палос За филм кој трае само 78 минути, најновото остварување на шведскиот маестро на баналноста предизвикува вортекс кој транспонира во средина каде времето не постои. Оние кои не се запознаени со неговата уметност, особено со победникот на филмскиот фестивал во Венеција во 2014, „Гулаб седеше на гранка додека размислуваше за егзистенцијата“, можеби би биле збунети од патешествието низ низа навидум неповрзани моменти кои совршено создаваат наративна кохеренција.…

Џејмс Греј во својот најнов, седми игран филм ги користи целестијалните тела како придружници на вистинската ѕвезда - скршената врска помеѓу еден татко и син.

Кон „Ад Астра“ во режија на Џејмс Греј; Сценарио: Џејмс Греј и Етан Грос; Директор на фотографија: Хојте Ван Хојтема . До ѕвездите и назад. Стравот од помислата дека ресурсите на Земјата се лимитирани и со радикалниот пораст на популацијата нема да бидат доволни е оправдан. Човековата љубопитност и жед за знаење и истражување нови светови е исто така моќен фактор кој има инспирирано огромен дел од филмскиот опус на научната фантастика. Патот во вселената е веќе суб-категорија во филмските…