„Уште повеќе, преку историската доследност на сценографијата и костимите, преку суптилното треперење на сенките врз лицата на актер(к)ите, Балагов создава комплетно убедлив филмски свет.“

Трска (Дылда) Кантемир Балагов, 2019, Русија Воените филмови најчесто се одвиваат на бојните полиња, онаму каде на драматичен начин паѓаат најкрупните влогови. Во нив долгоочекуваното огласување на склучениот мир е спасоносниот знак дека светот кој излегол вон себе, и покрај се’, ќе преживее. Нештата што излегле надвор од колосекот треба пак да се вратат „во нормала“. Историската драма „Трска“ (Дылда, 2019), излегува од вообичаениот воен наратив – почнува кога војната е завршена, но насилството истрајува. Филмот, меѓу другите, го поставува…

„За жал, гледачкото искуство на најновиот филм на 84 годишниот великан може да се спореди со евтина вечера платена со купони кога човек очекува партнерот да го изненади со резервација во елитен ресторан.“

Кон „Куќата Гучи“ во режија на Ридли Скот, сценарио на Беки Џонстон и Роберто Бентивења, кинематографија на Дариуш Волски „Гучи“ е една од најпрепознатливите именки на светот во било кој слој на општествените кругови. Богат, сиромав, банкар или садомијач - нема кој не го асоцира овој збор со раскоши и луксузи кои живеат само во соништата на 95% од светската популација. Многумина сепак не знаат дека „Гучи“ не е само симбол на една чанта која чини 5 илјади долари (што…

„Тимот зад документарецот успеал да изгради комплексна слика која без предрасуди и страв, а со доза нежност ја претставува необичната ситуација во која се наоѓаат градот и семејството Енаке - два паралелни светови принудени да се соединат.“

„Акаса, мојот дом“ е романски документарен филм кој доби голем број награди и номинации, вклучувајќи ја и наградата за Етички идеи на домашниот фестивал „Македокс“ во 2020 година. Режисер е Раду Корникиус – истражувачки новинар кој снимајќи репортажа за обновата на зоната околу езерото Вачерсти се запознал со единствените жители во областа - семејството Енаке. Животот на 11-членото ромско семејство му го зграпчило интересот, па така Раду спонтано се втурнал во возбудлив проект кој траел цели четири години.  За да…

„„Како да преживеете чума“ оддава чест на хероите во борбата против ХИВ епидемијата, на научниците и активистите, но и на безбројните жртви на вирусот и системот.“

Од денешна гледна точка, кога сите сме сведоци на тоа како светот се справува со пандемијата на коронавирусот, корисно е да се согледа каква била ситуацијата со ХИВ епидемијата во 80-те и 90-те години. Документарецот „Како да преживеете чума“, во режија и според сценарио на Дејвид Франс (американски новинар кој известува за ХИВ епидемијата уште од почетокот), е одлична можност да се дознае за борбата на активистите и научниците да стават крај на таа епидемија. Прогласен е за најдобар документарец…

„Вештината во развивањето на сижето, земајќи ја предвид тежината и чувствителноста на темата за тогашниот период е она кое особено се истакнува“.

Во последните две децении на минатиот век, светот, а најмногу Америка беше потресена од новонастанатата епидемија на СИДА. Згора на сета паника и страв, народот беше принуден да се справува и со дозата контроверзија која се наметна на притисокот поради немањето лек. „Рак“ или „чума“ на хомосексуалците беа чести називи на болеста во почетните стадиуми, сметајќи дека геј мажите се единствените кои можат да заболат. Ова води до застрашувачки брзо втемелување на предрасуди, како и зголемена дискриминација врз оние кои…

„Со комбинација од суптилни магични елементи и ироничната безнадежност која е присутна низ целиот филм, „Ѓаволот во секое време“ личи на морничава и нихилистична бајка“.

И да постои некој си бог, не би можел лесно да ги спаси ликовите од „Ѓаволот во секое време“. Филмот е најновото режисерско остварување на њујорчанинот Антонио Кампос и е адаптација на истоимениот роман на Доналд Реј Полок кој припаѓа на жанрот на јужна готика. Овој хибриден жанр ги меша општествените проблеми на јужниот дел на САД со готиката, па во него него преовладуваат психички нестабилни ликови, насилство, гротескни теми и иронија.   Настаните во филмот се случуваат меѓу две селца…

„„Држејќи го човекот“ е адаптација на истоимениот мемоар на Тим Конигрејв, кој храбро го става „на тацна“ целиот свој живот, чувства и покајание.“

Кон „Држeјќи го човекот“ во режија на Нил Армфилд, сценарио на Томи Марфи, кинематографија на Гермен МекМикинг Една од поголемите трагедии на човештвото е загубата на милиони млади животи, особено геј мажи, во 80-тите и 90-тите години од минатиот век. На глобално ниво, ширењето на ХИВ вирусот зазема облик на епидемија, а токму во тие турбулентни години паралелно се создава  „цунами“ од стигма, предрасуди и осуда за лицата чии денови се избројани поради поради тогашниот недостиг на соодветна терапија. Страдањата…

„Топол, искрен и поучен, „Филаделфија“ успева да разбуди емоции, без да западне во патетика“.

Во 1993 година, Холивуд конечно решава да го прекине молкот во врска со новата „пандемија“ што дотогаш цела деценија сеела страв меѓу луѓето. За да го направи тоа, одбира плејада добро познати лица кои веќе ги имаат освоено симпатиите на широките маси, што се покажува како одличен потег. „Филаделфија“, во режија на Џонатан Дем (кој две години претходно го докажал својот режисерски потенцијал со „Кога јагнињата ќе стивнат“), доживува огромен успех и им носи „Оскари“ на Том Хенкс за главна…

„Едноставно, „120 отчукувања во минута“ е совршен микс од поетичност, реалистичност, драма и општествена критика“.

Во 1981 за првпат официјално се документираат петмина инфицирани со ХИВ вирусот, а првиот лек кој делувал само краткорочно бил одобрен дури во 1987 година. Познато е дека властите и здравствените институции вложувале минимален труд да се крене свесноста, немале интерес за финансирање медицински истражувања, а во одредени периоди дури не снабдувале доволно лекови за заболените.  Затоа, уште од самите почетоци на појавата на ХИВ, обични граѓани се организираат и оформуваат граѓански движења и здруженија за да поттикнат акција, а…

„Со женска режисерска палка и централни улоги, филмот нужно е освежување за гледачите“.

Уште во првите секунди од филмот, младата режисерка Ана Јакимска во својот краткометражен „Ќе дојдат децата“ ветува осврт на познати сентименти од македонското битисување. Да се гледа овој филм со македонско око значи да се забележат финеси инаку недоприливи за странскиот гледач. Но, обидот да се направи филм соодветен за интернационални платна резултира со малку извештачена слика на инаку автентични искуства.  Погледот низ објективот на режисерката на некој начин го фетишизира македонското преку добро познати клишеа: беда, сурови пејзажи, икони.…