„..Успешноста на една монодрама во голема мера зависи од способноста на актерот ДА БИДЕ вистински присутен на сцената, овде и сега“

Годинешното 24. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола ги истражи многуте аспекти на популарната Хамлетовска дилема „да се биде или не“, со особен акцент на човечкото постоење што не остава простор за ништо друго освен „да се биде“. Монодрамата е театарска форма што, всушност, најдобро може да ја долови „суштината на она што значи да се биде жив“. Еден актер на сцената се соочува со љубопитните очи на гледачите, од кои секој има свои индивидуални очекувања за она…

„Сите учесници/создавачи на претставата создале единство на сценските знаци кои ја градат комплетната, сложена семантика на изведбата, во која една од најважните алки е ансамблот на МОБ.“

Сите среќни претстави си наликуваат една на друга. Секоја несреќна претстава е несреќна на свој начин. Лична забелешка   Непосредно пред самиот истек на сезоната низ театарските куќи, билансот на уметнички остварувања низ македонските продукции за 2018-тата не бележи никаков спектакуларен одек низ балканските театарски кулоари. Всушност, последното македонско сценскоизведувачко пенетрирање по европскиот мејнстрим е единствено Електра на Андри Жолдак, продукција на МНТ од 2014-тата година, за што постои фактографија во број на фестивалски учества, гостувања и број на освоени…