Гледај.мк

„Нешто слатко“ е еден фин отскок во македонската кинематографија која почесто е завртена кон процесирање на лични и колективни трауми, и дозволува 90 минутно следење на дејството без тензија за што следно ќе се случи на платното.

Во најновата епизода на „Културен подкаст“, нашите филмски рецензенти Јована и Евгенија разговараат за филмот „Нешто Слатко“. Се работи за словенска/ словенечка романтична комедија во режија на словенската ТВ ѕвезда и стенд ап актер - Тин Водопивец во кој главните улоги ги играат македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова. Евгенија: Вклучувајќи елементи од класичните Холивудски заплети, но со свој оригинален осврт, „Нешто слатко“ претставува освежувачко филмско искуство, особено кога ќе се земе предвид дека романтичната комедија е запоставен жанр…

„Жени во собрание“ е многу модерно театарско дело кое непретенциозно провоцира и поставува смели прашања што ја скокоткаат мислата на гледачот.“

„Жени во собрание“ е театарска претстава на Театар Комедија, во режија на Ќендрим Ријани, премиерно изведена на 28. декември, 2022 година. Работена е по мотиви на Аристофан, во препев од проф. Д-р Валериј Софрониевски и според текстови на Билјана Крајчевска и актерската екипа. Во денешниот современ свет, кога велиме дека жените уживаат исти права како мажите, постои ли опасност од сериозно уназадување и враќање кон корените засновани на патријархат, мизогинија и машка доминација? Дали сликата за родова рамноправност е воопшто…

...„најлесно споредлив со постмодернистичка слика, која капитализира на апсурдноста на постоењето.“

Тигарот, најголемиот жив вид на мачка, животно кое е доминантно со самото свое постоење, се движи меѓу луѓето и живее со нив во мир и единство. Звучи парадоксално и  утопистички, нели? Токму од таа слика, која честопати се наоѓа во литературата на Јеховините сведоци, е инспириран насловот на овој длабоко филозофски документарец, „Тигар во рајот“. Со режисерската клапа во рацете на Микел Карлсон, филмот претставува портал до најинтимните мисли, верувања, умствени дебати коишто се дел од свеста на шведскиот пеач…

...„интимен портрет за универзалните проблеми со кои се соочува новата модерна генерација, носејќи се со последиците од постапките на своите родители.“

Кон „Означена територија - приказна за скапоценото“ во режија на Питер Хамер, сценарио на Питер Хамер и Андерс Виландсер, кинематографија на Питер Хамер и Јакоб Софусен Фамилијарните врски се комплицирани, тоа не е ништо ново. Сепак живееме во време кога „миленијалците“ се соочени со нова димензија на проблеми - закрепнување од генерациските емоционални трауми добиени од своите родители кои живеат во тотално друга реалност. „Означена територија - приказна за скапоценото“ прикажува куриран исечок од една таква ситуација во која брат…

...„верна слика на вечната борба меѓу традиционалните и современите вредности, природата и технологијата, амбицијата и скромноста, која е тешка и неизвесна.“

Морето во Бомбај секоја ноќ сѐ повеќе засветкува и сѐ повеќе се празни. Рибарењето со ЛЕД светла, иако е забрането со закон и се коси со традиционалните начини на ловење риба, претставува најголема надеж за рибарите во овој регион. Но единствениот улов во мрежата се остатоците од ѓубре и пластика. Документарниот филм во индиско-француска копродукција „Спроти ветрот“, на режисерот и…

„Котер итро ги сопоставува пејзажните кадри со дијалозите и при тоа гради сложена и емотивна слика за самата територија која ја снима, а и за воениот конфликт.“

Најновиот филм на германскиот документарист Даниел Котер, „Пејзаж“, ја истражува втората Нагорно-Карабах војна меѓу Азербејџан и Арменија која започна во 2020 година. Но, за разлика од повеќето филмови со воена тематика, „Пејзаж“ се фокусира на самото земјиште кое е дел од спорот, како и емотивните врски кои населението ги има со него. Неслучајно документаристот и го одбира зборот „Landschaft“ за наслов на своето дело, кој на германски означува „пејзаж“ или „предел.“ Котер го снимил филмот за време на пет посети…

„Токму прашањето за припадност некаде (и следствено, заминувањето оттаму/враќањето назад) ја осовременува и актуелизира митската волшебничка Медеја во 21виот век, а „крвавата перјаница“ на Европа е прозорецот и кон пошироката репертоарска политика на Народниот театар од Битола.“

Кон првонаградената изведба на претставата „My name is Medeja“ на 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ - Прилеп. Претставата е работена според Еврипид, а по драматизација на Милан Рамшак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват и продукција на Народен театар - Битола. Играат Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Јулијаna Мирчевска-Мавровска, Иван Јерчиќ, Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска-Илиевска, Анастазиа Христовска, Никола Стефанов и Кристијан Танчевски.  Тргнувајќи од античката трагедија на Еврипид кон современата Медеја која…

„..Успешноста на една монодрама во голема мера зависи од способноста на актерот ДА БИДЕ вистински присутен на сцената, овде и сега“

Годинешното 24. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола ги истражи многуте аспекти на популарната Хамлетовска дилема „да се биде или не“, со особен акцент на човечкото постоење што не остава простор за ништо друго освен „да се биде“. Монодрамата е театарска форма што, всушност, најдобро може да ја долови „суштината на она што значи да се биде жив“. Еден актер на сцената се соочува со љубопитните очи на гледачите, од кои секој има свои индивидуални очекувања за она…

„„Aftersun“ е мал, интимен филм кој успева да излезе од типичните стеги на филмовите кои се занимаваат со созревањето на нивните ликови и да внесе свежина во новиот бран независни филмови“

Кон „Aftersun“ во режија и сценарио на Шарлот Велс, кинематографија на Грегори Оке Врската помеѓу родител и нивното дете е доста комплицирана - базирана на чиста и некорумпирана љубов, но често компромитирана од различни битки во животот: траума, недоволни финансии, отсуство. Секако дека родителите го сакаат најдоброто за своите деца (што е општоприфатен наратив), но нивните постапки и несовршености оставаат длабока трага врз формативните години од развојот на нивните деца. Како што луѓето созреваат и работат на себе, тие почнуваат…

Минималистички експеримент: секој има(ше) право да одбере по само 1 дело и во максимум 10 зборови да срочи зошто баш тоа му оставило најголем впечаток во минатата година.

Во последниве неколку години, некако природно, ни стана традиција во декември да објавуваме новогодишни осврти кои содржат по минимум 3 филмски и/или театарски дела избрани од секој член на тимот, без никакви жанровски ограничувања или пак строго дефиниран број зборови кои треба/мора да ги исполниме. Годинава решивме да направиме две промени: 1) освртот да го објавиме во јануари (годината трае до 31 декември, нели :) ) и 2) да се обидеме со дијаметрално спротивен пристап. Па така, секој има(ше) право…