„Во рацете на кого било освен композиторот Лин-Мануел Миранда (најпознат по „Хамилтон“), овој спој ќе беше само хаотичен и жанровите ќе се изедеа меѓу себе.“

„Енканто“ („волшебство“ на шпански) е јубилеjниот 60-ти анимиран филм на „Дизни“. Станува збор за мјузикл-комедија кој ја следи приказната на Мирабел Мадригал (Стефани Беатриз), единственото нормално дете родено во семејство во кое сите членови имаат некаква супермоќ со која придонесуваат за развитокот на нивното мало село скриено во планините на Колумбија. Како и сите фамилии, така и оваа располага со повеќе карактери од тоа што може да поднесе една трпезариска маса. Дури и една волшебна трпезариска маса која сама се…