...„богато со суптилна иронија, паметен црн хумор, скриени метафори и силен аудиовизуелен печат.“

Филм што ќе предизвика гадење, вресоци, нагони на повраќање и напуштање на киносалите – вака гласеа ветувањата за „Злосторства на иднината“, најновото остварување на Дејвид Кроненберг, премиерно прикажано на Канскиот филмски фестивал. Обожавателите на овој жанр со нетрпение го очекуваа големото враќање на мајсторот за телесен хорор, чие последно научнофантастично дело „Егзистенција“ (eXistenZ) се случи дури во 1999. Очекувањата беа големи, но уште поголема беше љубопитноста да се дознае дали Кроненберг ќе поентира или потфрли со неговата дистописка визија за…

...„темелен психолошки профил на секојдневен човек кој се губи себе во обид да го поправи системот, а со тоа го профилира и целиот систем.“

 „Наставничка канцеларија“, долгометражното деби на Соња Тарокич, го испитува целото општество со фокусирање врз еден типичен микрокосмос - наставничка  канцеларија во основно училиште. Централна точка во приказната е Анамарија (Милена Реџепович), нововработениот психолог во училиштето.  На почетокот, таа ентузијастично се препушта на својата работа, обидувајќи се да направи позитивни промени. Но нејзините добронамерни постапки не се добредојдени од колегите. А причината за тоа е едноставна - таа ја нарушува рамнотежата во системот. Рамнотежа, која постои долго време пред Анамарија да…

...„може и знае да функционира пред секаква публика и дека може и треба да има долг театарски век.“

(„Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар Скопје, изведба на 62. Охридско лето) Актерската екипа на „Чудна случка со кучето во ноќта“ им пружи на театарските љубители во Охрид забавно, поучно и топло искуство со својата целосна предадена игра во Домот на култура „Глигор Прличев“, во рамките на театарската програма на Охридско лето на 19.7.2022.  Претставата на Зоја Бузалковска, која ја имаше скопската премиера минатиот декември, е поставена на…