„Токсичната култура на срам која ја прогонува цела Романија е задушувачка, дури и во овие „прогресивни“ времиња - што е восхитувачки да се почувствува во филм што трае „само“ 81 минута“.

Кон „Поле со афион“ во режија на Јуџин Јебелеану, сценарио на Јоана Морару и кинематографија на Мариус Пандуру Првенчето на романскиот режисер Јуџин Јебелеану наједноставно може да се опише со еден збор: хипер-реализам. Поранешниот актер сега застанува зад камерата за навидум едноставно да прикаже еден ден во животот на главниот лик кој, како и повеќето луѓе, има две страни - една што ја покажува кон светот и друга што ја чува длабоко во себе. Тие две страни се спротиставени како…