„Најлоша е рамнодушноста, која полека станува секојдневје“, пишува во описот, а „Уметноста е ормар“ како да го постигнува токму тоа – ги остава гледачите рамнодушни, без да ги искритикува. "

Една старица се потпира на прозорецот и од преголема љубопитност, премногу се навалува, паѓа на земја и се распарчува. Друга старица се потпира на прозорецот за да види што ѝ се случило на првата – и таа паѓа и се соочува со истата судбина. Потоа и трета, четврта, петта, шеста... низа што завршува само зашто на раскажувачот на приказната му здосадува да ги гледа, па решава да оди на пазар.   Јасно е дека станува збор за свет поинаков од реалниот.…