„„Грета“ можеби е скромен, но е значаен обид да се прикаже еден театарски процес преку свеж, објективен и искрен пристап.“

Театарската магија што се случува на сцената е единствена и неповторлива. По нејзиното завршување, публиката задоволно ракоплеска, актерите добиваат овации, завесата се спушта и столчињата полека се празнат. Гледачите обично си заминуваат со впечатоци од она што се одиграло пред нив, несвесни за целиот процес што се одвивал зад кулисите. Претставата „Грета“ во продукција на независниот театар „Златен Елец“ открива дел токму од тој невидлив театарски свет на деноноќни проби, незгодни театарџии, длабоки фрустрации, но и бескрајна љубов кон оваа…