„Едноставно, ако не сте спремни да им погледнете и на театарот и на најтешката театарска професија и уметност директно во очи, тогаш не ја гледајте оваа претстава.“

(За претставата „ГЛУМиЦИ“ на колективот „Артопија“, изведена во МКЦ на30.3.2022г., како колективно авторство, дизајн на сценски простор Ненад Тонкин,авторска музика на Дино Имери) Пречекани од гласот на актерката Слободанка Чичевска од Велес, што го раскажува својот животопис, отворајќи ги сите добри и лоши страни на актерството, женскоста, мајчинството и работата во сите (не)возможни услови, влеговме во Дансинг салата на МКЦ, во неформално структурираниот простор, на кој се сместени и актерите и актерките на оваа мошне интригантна, вознемирувачка, силноекспресивна и моќна…