...„првата премиера на НОБ за годинава, несомнено може да му парира на насловот од кој е инспирирана!“ 

Синоќа во Националната Опера и Балет се случи премиерата на претставата „Госпоѓиците од Авињон“, претстава каква одамна не сме виделе на нашите театарски сцени.  Комплетната авторска екипа е домашна: композиторка на музиката е Калиопи Букле, кореографка и режисерка е Олга Панго, либретист и драматург Сашо Димоски, костимограф Раде Василев, мултимедија и дизајн Емил Петров, дизајнер на светло Милчо Александров и дизајнерка на шминката Златица Поповска. Настапуваат: Александра Мијалкова како Олга Коклова, Мими Поп-Алексова како Дора Маар, Ивана Коцевска како Ева…

... „современа балетска експресивност на една многу позната и конкретна уметничка слика.“

Поделена на 5 сосема различни телесни експресии, кореографијата го претстави раскршувањето на женското тело во насока на копнежот кон љубовта. Ексцентричната поставеност на рацете и класичната експензија на балетски поддршки и експресија го прикажа Пикасовото бунило околу колоритните госпоѓици од Авињон. Моќна на свој начин, сценографската рефлексија ја отвори сцената преку вертикални екстензии на 3 имагинарни ѕидови, кои ја прошируваа кореографската димензија на почетокот и крајот на секој дел од делото. Почетното „раѓање“ на телата од подот го дефинираше фокусот…

„Блерта Башоли за среќа не ја компромитира женската перспектива - одлучноста и напорот коишто Фахрије ги прикажува се секогаш во прв план во сите 84 минути од филмот.“

Кон „Улиште“ во режија и сценарио на Блерта Башоли, кинематографија на Алекс Блум Како последица од војната во Косово после повеќе од 20 години од крајот на ужасниот конфликт, околу 1650 луѓе сè уште се сметаат за исчезнати, а 300 тела не можат да бидат идентификувани. Траумата која населението сè уште ја носи на грб нема набргу да исчезне, но процесот на закрепнување започнал токму кај оние кои останале сами да се грижат за растргнатите домаќинства - жените. Првиот долгометражен…