„Токсичната култура на срам која ја прогонува цела Романија е задушувачка, дури и во овие „прогресивни“ времиња - што е восхитувачки да се почувствува во филм што трае „само“ 81 минута“.

Кон „Поле со афион“ во режија на Јуџин Јебелеану, сценарио на Јоана Морару и кинематографија на Мариус Пандуру Првенчето на романскиот режисер Јуџин Јебелеану наједноставно може да се опише со еден збор: хипер-реализам. Поранешниот актер сега застанува зад камерата за навидум едноставно да прикаже еден ден во животот на главниот лик кој, како и повеќето луѓе, има две страни - една што ја покажува кон светот и друга што ја чува длабоко во себе. Тие две страни се спротиставени како…

„Филмот е хипнотизирачки, но неговата рамнотежа често е загрозена“.

Една година по „Грипот на Петров“, еден од најдинамичните руски режисерски гласови на денешницата, Кирил Серебреников, прави тематско скршнување со историската драма „Сопругата на Чајковски“. Инаку долгогодишен миленик на eвропската кинематографија, оваа фестивалска сезона тој се ребрендира како „руската совест“ на Западот. Тој секогаш и доаѓал во пакет со неговите политички гледишта и пркосења на режимот, но овој пат неговата неспорна рускост и малиот интерес за руски тематики фрлија сенка на овој филм кој е неговиот најмрачен и најбогат до…

„Ако се ѕирне под површината на оваа психолошка драма, ќе излезе дека мајчинството не е нејзината централна нишка, туку лажната реалност, скриените намери и изместените морални вредности“

Мајчинството е тема што често се провлекува и во светската и во домашната кинематографија. Неможноста да се имаат деца, значењето на улогата на мајката и различните типови мајки – многу филмски дејци се обиделе да ги претстават овие проблематики, а најсвежиот таков домашен обид е оној на режисерот Даријан Пејовски, со наслов „Мими“. Барем така се чини на прв поглед. Ако се ѕирне под површината на оваа психолошка драма, ќе излезе дека мајчинството не е нејзината централна нишка, туку лажната…