„Во никаков уметнички занес, „Елит“ ги склопува сите елементи на добра средношколска драма со внимателнен напор да инкорпорира вистинска човечка емоција во склоп на настани и табиети кои тешко може да се најдат на едно место (а тоа да не е затвор).“

„Елит“ е шпанска серија во продукција на Нетфликс што ја следи приказната на тројца тинејџери од скромно потекло кои, под доста чудни околности, се префрлаат во елитно училиште инаку пристапно само за богати синови и ќерки. Уште во првата епизода се дознава дека еден од ликовите е убиен и тоа е централната мистерија во оваа сезона.  И заплетот и расплетот се на моменти дискутабилни, бидејќи серијата се стреми да ги шокира гледачите, дури и на сметка на логичкиот развој на…