„„Како да преживеете чума“ оддава чест на хероите во борбата против ХИВ епидемијата, на научниците и активистите, но и на безбројните жртви на вирусот и системот.“

Од денешна гледна точка, кога сите сме сведоци на тоа како светот се справува со пандемијата на коронавирусот, корисно е да се согледа каква била ситуацијата со ХИВ епидемијата во 80-те и 90-те години. Документарецот „Како да преживеете чума“, во режија и според сценарио на Дејвид Франс (американски новинар кој известува за ХИВ епидемијата уште од почетокот), е одлична можност да се дознае за борбата на активистите и научниците да стават крај на таа епидемија. Прогласен е за најдобар документарец…

„Претставата „History of the motherfuckers“ на Народниот театар од Битола го продолжува, засилува и најдиректно освестува нивниот концепт за театарот - место во кое треба гласно да се говори против сѐ тоа што го обесправува општеството“.

(Кон претставата „History of the motherfuckers“, Ведрана Божиновиќ според „Кориолан“ на Вилијам Шекспир, режија на Андраш Урбан, продукција на Народен театар – Битола, изведена на Фестивалот МОТ, 19.11.2021) Знаете ли која му била омилената драма од Шекспир на Хитлер? - прашува актерката Сандра Грибовска во една од сцените на претставата и одговорот директно го кажува Кориолан! И тука е сѐ јасно.  Има подобар почеток на рецензија за една толку моќна претстава, меѓутоа, мене ми остана во глава овој факт, кој…