„Тоа што Ѓорѓи ни понуди на крајот на претставата да направиме муабет од половина час е исто така за пофалба, затоа што театарот не може да постои без публиката, а на театарските уметници им е повеќе од потребен контактот со публиката во овие пандемиски времиња“

(кон претставата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба, режија и продукција на Ѓорѓи Јолевски, извршен продуцент Никола Кимовски, драматург и преведувач Владимир Јанчовски, копродукција на МНТ и „Перипетија продукција“) Еден човек што игра и еден што го гледа се доволни да направат театар, велеше големиот театарски маг Питер Брук, на почетокот од својата, денес, култна книга „Празен простор“. Еден човек што игра и во играта го внесува сето свое знаење, сета своја љубов кон театарот, сето свое…