„Кога станува збор за перформанси со поголем број учесници – сите изведувачи се вклучени во самото дејство (и неговата подготовка) и активно делуваат симултано и синхроницитетно, што е очигледно и во оваа изведба.“

(кон перформансот „Драга Републико“ на авторите Филип Јовановски, Кристина Леловац, Ивана Васева и Викторија Илиоска, изведен во објектот на Централна пошта) Перформансот по дефиниција треба да ве (ис)провоцира, да ве стави во дадена ситуација, да ви постави прашања, да ви се обрати директно и да ве предизвика да делувате. Перформансот Драга Републико го прави тоа. И тука може да завршиме или може да почнеме со оваа рецензија на настанот. Во време кога скоро целата светска јавност се обидува да го…

„Едноставно никој не е совршен во Истаун и секој носи некоја болка во себе. Затоа, нема апсолутно негативни или позитивни ликови. Сите се трудат да ја потиснат тагата и да продолжат по посветол пат “

Дали сте љубители на детективски приказни сместени во мали гратчиња каде што секој нешто крие? Да? Тогаш „Мер од Истаун“ e совршената ТВ-серија за вас! Само бидете внимателни бидејќи оваа серија оди чекор подлабоко во емотивниот свет на јунаците и додава уште една димензија на вообичаено дводимензионалните ликови од детеквиските серии.   Серијата е „тазе“ излезена, а веќе освои четири „Еми“ награди. Сега за сега има една сезона со седум епизоди кои прикажуваат ист настан – истрага на убиството на млада…

...„моќта е во емоцијата што ликовите ја предизвикуваат. А овде ги има многу и се комплексни и силни!“

(кон премиерата на „Вистински запад“ од Сем Шепард, режија на Борис Василески, МКЦ – Скопје) Сем Шепард е најзначајниот модернистички американски драмски писател (и не само тоа и режисер и актер и музичар! Авторот на она што денес се нарекува Офф-Офф Бродвеј во американскиот театар). Вистински запад е една од најмоќните драми напишани воопшто, затоа што на мошне едноставен начин го покажува конфликтот помеѓу двајца браќа (а обично, како што нѐ учеше Аристотел, трагедијата е секогаш најсилна во рамките на…