...„Иако ова дело се придржува до класичната форма на една театарска претстава, сепак, не се плаши да ги поместува границите и да си игра со различни мултимедијални елементи.“

Лајкови, следбеници, инста-приказни, влогови, инфлуенсери – живееме во време кога дигитализацијата почнува да зазема сѐ поголеми размери и тоа резултира со создавање нов, инста-свет, различен од реалниот. А тој инста-свет има моќ најпрво да те заинтригира, потоа да те вовлече, за на крај целосно да те обземе. Опседнатоста со постојаното „скролање“ и ѕверење во малиот екран колку и да причинува задоволство, прашање на време е кога ќе премине во измачување. И тоа е измачување што свесно си го причинуваме самите…