„Иако настаните се сведуваат на една хаотична анегдота, режисерското деби на Ема Селигман се карактеризира со ретко добро чувство за време и простор, и таа успева да жонглира со жанровски елементи со вештина која ретко се наоѓа и кај холивудски „ветерани“.“

Кон „Шива Бејби“, 2020, САДРежија: Ема Селигман Во 2017, во круговите на филмските студенти се расчу еден краткометражен филм, „Шива Бејби“, како еден од најдобрите за таа година. Беше смешен и хаотичен, и многу допадлив. Три години подоцна, режисерката Ема Селигман го презентира долгометражниот „Шива Бејби“, исто толку смешен, хаотичен и допадлив, но и еден од похрабрите „coming-of-age“ филмови за 2020. Иако настаните се сведуваат на една хаотична анегдота, режисерското деби на Ема Селигман се карактеризира со ретко добро чувство за…

„Хибридните анимирачки техники користени за изработка на филмот го имитираат вистинското движење на камерата, со тоа тој добива реалистичен изглед.“ 

Морбидно и невообичаено, така започнува приказната на овој анимиран долгометражен филм. Отсечена рака бега од лабороторија за да си го најде своето тело. Додека се снаоѓа низ Париз се сеќава на животот на младиот човек за кого претходно била поврзана. Со црно-бели сцени се прикажува детството на главниот лик Наофел. Претставен како дете кое сака да ги впие сите искуства кои животот ги носи. Преку снимање на звуците кои го опкружуваат се обидува да ги документира своите искуства. Меѓутоа судбината…