„Се чини дека филмот неретко е во трка со себе да покаже колку слоеви на декаденција и вулгарност може да издржи пред да стане малку смешен.“

„Грипот на Петров“ е два и пол часовен халуциноген трип низ пост-советските рушевини на модерна Русија, режиран од Кирил Серебреников („Лето“, „Студентот“). Во трескавичен занес од висока температура на грип, Петров (Семјон Серзин) го носи пријателот Игор (Јури Колоколников) на прошетка низ урбаниот пекол на Екатеринбург. Сегашноста се меша со спомени од детството, а реалноста со приказната од стрипот што Петров го црта.  Поврзувањето на ликовите и временските рамки во една кохерентна наративна слика трае цел филм, а се избиструва…

„Долгите статични кадри и бледите бои (заслуга на директорот на фотографија Бартоз Свиниарски) се испреплетени со мизансценот и глумата кои покажуваат само дружељубиви, збунети и наивни индивидуи.“

Дали знаевте дека јаболката се добри за паметење? Не знаеше ни Арис (Арис Серветалис) - главниот лик во долгометражното деби на Христос Никоу. Арис ги изгуби сеќавањата и веднаш почна страсно да јаде полни вреќи јаболка. Но, штом дозна дека тие можат да му го вратат помнењето од страв прејде на портокали. Од каде доаѓа овој страв од сеќавањето и на каква авантура може да однесе? Овие прашања се дел од темите на сатиричната драма „Јаболка“ која имаше премиера на…