Разговаравме со Несими Јетик - режисерот на „Мир и хармонија“.

Разговаравме со Несими Јетик - режисер од Турција, чиј филм „Мир и хармонија“ се прикажува на јубилејното 20. издание на Синедејс - Фестивалот на европски филм. Повод за нашиот разговор беше токму филмот „Мир и хармонија“ и работата на него. ЈЃ: Раскажете ни ја приказната позади „Мир и хармонија”. Што ве инспирираше да го напишете овој филм, заедно со Бетул Есенер, и потоа да го режирате?  НЈ: Неразрешените аспекти на меѓучовечките односи се тема која секогаш го привлекува нашето внимание.…

„Филмот не секогаш се гледа, понекогаш само се слуша, а камерата во ниеден момент не им се доближува премногу на субјектите.“

„Алекса, те молам научи сè што можеш за мачките“ е цитат кој во себе ја крие сржта на краткометражниот документарец „Сите мачки се сиви во темница“. Ако гледачот се екстрахира од сликата на малку чудниот самотник што седи по гаќи и секаде се шета со две мачки на грб, гледа тивко љубовно писмо достојно за едно несфатено суштество какво што е мачката. Филмот не секогаш се гледа, понекогаш само се слуша, а камерата во ниеден момент не им се доближува премногу на субјектите. Како што ветува нивната репутација, мачките и не секогаш дозволуваат да им се пријде. Линдер има добар осет за темата која решил да ја обработи и знае дека дури им да се доближи, тоа нема да му дозволи да ги разбере. Соодветно, филмот секогаш има место да „дише“, разбирајќи ја философијата и убавината на дистанцата, на неприпаѓањето на некој друг и покрај статусот „нечие милениче“, или „нечиј татко“ или „нечија девојка. „Алекса, те молам научи сè што можеш за мачките,“ е реченица која прави срцето да се стега, од тага или од нешто друго. Нешто што не е ни добро ни лошо, ни црно ни бело.  Мачката никогаш нема да добие филмови какви што добива, на пример, кучето: блескави холивудски „tear-jerkers“ (филмови кои „изнудуваат“ солзи) за лојалните пријатели кои би умреле за својот газда, и тоа во забавена снимка. Но, и покрај тоа што не може да добие таков блокбастер „Сите мачки се сиви во темница“ е точно филмот кое ова суштество го заслужува. Филм за животно кое никогаш не може да биде сосема разбрано, ниту сосема поседувано. Па така, двете сиви мачки се само огледало кое Линдер го свртува кон човекот.   Лина Дамевска *Во соработка со Europe House Skopje организиравме работилници за филмска критика. Ова е една од рецензиите напишани во рамки на работилниците.

„Филмската фотографија претставува необичен спој на слики во модернистички, младешки стил со уметнички решенија и длабок симболизам.“

Суров, визуелно впечатлив и необјасниво привлечен, „Сирово“ (Grave на француски или Raw на англиски) во режија и по сценарио на Жулија Докурно ја шокира и истовремено ја фасцинира својата публика. Во секој случај не е за оние со слаб желудник – барем кога станува збор за дел од присутните на филмскиот фестивал во Торонто, кои ја напуштиле киносалата по некои сцени. Филмот од француско-белгиска копродукција беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2016 година. Добитник е на престижната награда…