„Во „За тело и душа“ режисерката успева да обработи клучни општествени прашања, меѓу кои и тешкотиите на лицата со попреченост.“

По 18 години битки со филмската индустрија, култната режисерка и сценаристка Илдико Енејди го создава „За тело и душа“. Филмот е нежна и бизарна артхаус романса која покажува како најчистите чувства кај човекот може да бликнат и во најсуровите околности. Повеќеслојната приказна е испреплетена со бајковити пејсажи, мистичност и комичност што го прави „За тело и душа“ филм кој тешко се заборава.  Како и во претходни нејзини филмови („Симон, Магионичарот“, „Тамас и Џули“), Илдико и во овој ги испитува пречките и предизвиците во човечката комуникација. Необичната љубов настанува во кланица за крави меѓу двајца осамени интроверти кои дознаваат дека секоја вечер го имаат истиот сон. Во сништата тие се елени кои заедно и безгрижно патуваат низ бајковит пејзаж, но во реалноста се плашат еден од друг и не знаат како да се зближат. Андре (Геза Морцсани) и Марија (Александра Борбели) не се стереотипни јунаци. Двајцата се сложени индивидуи кои на различен начин ја прифаќаат ново-стекнатата љубов, како и стравот и збунетоста што таа ги носи. Во филмот има само една песна („What he wrote“ од Лаура Марлинг), бавно темпо и статични кадри, но тоа совршено се вклопува со динамичниот мизансцен, неизвесноста на приказната и сензибилитетот на карактерите.   Во „За тело и душа“ режисерката успева да обработи клучни општествени прашања, меѓу кои и тешкотиите на лицата со попреченост. Андре има парализирана рака, а Марија е на аутистичниот спектар поради што станува дури и мета за потсмев на работниците во кланицата. Уште еден општествен проблем кој се проткајува низ филмот е третманот на животните во месната индустрија. Неколку пати се прави паралела меѓу распарчените крави во кланицата и двојниците на протагонистите – слободните елени кои талкаат низ дивината. Освен проблематизирање на правата и слободите на животните, ова сопоставување ја надополнува главната тема во филмот – вечната борба меѓу човечките двојности. Како може човекот да се вљуби и да биде емпатичен, а истовремено да работи во најбездушната индустрија? Илдико ги соединува овие навидум…

...„служи како потсетник за „припитомениот“ гледач: под кошулите и вратоврските се крие гола кожа, а под неа крв“.

„Комбето“ е краткометражен филм од албанско-француска продукција кој ја следи приказната на неименуван, млад протагонист (Феникс Бросар) чија цел е да собере доволно пари за да избега од Албанија во „белиот свет“. Таков пат скапо чини, особено за двајца патници, а ликот на Бросар е одлучен со себе да го земе татко си (Арбен Бајрактарај). Решение наоѓа во борбите со непознати противници за „убав“ бакшиш, во багажникот на едно комбе кое вози и не застанува додека некој не изгуби или…