“Преку митското прикажување на деструктивните наративи на протагонистите, Павликовски го заокружува овој мрачен мјузикл, полн со тишини, во 89 минути.“

„Јас се движам во круг, одам и се враќам. Слободен и врзан. Ако враќањето е цел, зошто тогаш одењето?”  Овие реплики од романот „Дервишот и смртта” на Меша Селимовиќ претставуваат интроспекција на главниот лик (дервишот)  заглавен во вител, постојано размислувајќи за животот и смртта, што тие претставуваат, зошто луѓето имаат бесмислен страв од неизбежното. Темата за животот и неговата непредвидливост  во романот на Селимовиќ ја поврзувам со темата на филмот „Студена војна” (Cold war/Zimna wojna). Преку централните ликови Виктор (Томаш Кот) и Зула (Јоана Кулиг) режисерот ја претставил комплицираната љубовна врска на своите родители. Постојаното спојување и разделување на неговите родители во временски период од четири децении го инспирирало да ја создаде и екранизира оваа приказна за една невозможна љубов во времето на Советскиот сојуз. На почетокот на "Студена војна", диригентот и композитор Виктор се вљубува во младата Зула. Таа е дојдена на аудиција за изведба на фолклорна музика и танци. Главните ликови се во една неподнослива меланхолија, константно незадоволство и притоа се лишени од слободна љубовна врска. Иако Виктор тврди дека таа е жената на неговиот живот и двајцата се во љубовни врски со други луѓе.  Преку сцените со зачадените барови во кои пее Зула и музиката низ целиот филм, режисерот прави визуелен приказ на внатрешната борба на главните ликови. Потребата за успех во нивните кариери и политичкото влијание придонесуваат за нивна постојана разделба. Тврдоглавоста е главен двигател за нивното повторно спојување и покрај сите препреки  низ годините. Идентично со почетокот на филмот, кругот на оваа љубовна приказна се затвора со сцена со срушена црквa. Крајот на филмот е мрачен и ироничен - Виктор и Зула  се повторно заедно, но нивната дестинација воопшто не е мотивирачка. Преку митското прикажување на деструктивните наративи на протагонистите, Павликовски го заокружува овој мрачен мјузикл, полн со тишини, во 89 минути.  Во оваа социо-политичка разгледница од 20 век режисерот Павел Павликовски повторно се навраќа на црно-белиот формат кој го користеше во оскаровецот „Ида“. Ликовите во…

„Овој филм е уште едно апсурдно дело на „грчкото движење“ кое да не беше толку комично ќе беше премногу гротескно“.

СОЖАЛУВАЊЕ (2018) Бабис Макридис Еден успешен адвокат секое утро станува од кревет и плаче. Неговата сопруга е во кома, па затоа секој ден е тажен и вознемирен. Пријателите и познаниците го знаат тоа и го сожалуваат. Неговата секретарка му подари ланче со крст од нејзината мајка. Неговата сосетка секој ден му носи торта од портокал. Неговиот другар со кој играат тенис на плажа се понуди да му го намачка грбот со заштитна крема за сонце. Но и покрај неговата тага, тој е среќен и ужива во ситуацијата во која што се наоѓа. Проблемот е што тој стана зависен од тоа сожалување. Сака да го добие по секоја цена. Неименуваниот адвокат ќе биде соочен со тешка дилема кога неговата сопруга ќе се разбуди од кома, а изворот на сожалување ќе секне. Преокупираноста со себеси станува опсесија за него, водејќи до жестока кулминација.  На чело со Јоргос Лантимос („Песјак“, „Фаворитката“), група режисери од грчкиот полуостров го водат „грчкиот нов бран“ во филмот. Употребувајќи бизарни, чудни и шокирачки дијалози и слики овие уметници како низ калеидоскоп ја тераат публиката одново да ги промисли темите поврзани со сексуалност, фамилијарни односи, слобода, друштвена изолација. Макридис, за среќа (или несреќа) твори во сенката на Лантимос. По соработката на неговиот дебитантски долгометражен филм „Л“, Макридис тука повторно му верува на сценаристот Ефтимус Филипу да создаде темна и стоичка драма исполнета со комични елементи.  „Сожалување“ успева да е класично „грчки нов бран“ со сите негови препознатливи елементи и естетика. Дијалогот и раскажувачката форма се ефективни во својот минимализам. Кинематограферот Константинос Кукулиос го центрира протагонистот врз прекрасната позадина на Егејското море преку екстремно десатурирана палета на бои и комбинација на статични широки и крупни кадри. Наративните наслови кои (заедно со музиката) имаат задача да дадат објаснување за внатрешната борба на главниот карактер - некогаш се беспотребни. Сепак можеби најголемиот дел од „товарот“ на овој филм го носи актерот кој го игра несреќниот адвокат. Наизглед без многу напор, Џанис Дракопулос…