„Централна идеја во филмот е истражувањето на женскиот поглед (анг. the female gaze) - како начин на кој жените гледаат на сите нешта во светот.“

Во филмската теорија се дефинира дистанцата помеѓу снименото и објективот, па потоа меѓу објективот и гледачот. Така се создава релацијата меѓу гледачот и тоа што го гледа. Во „Земја Женска“ (анг. Terra Femme), режисерката Кортни Стивенс прави обид да ја истражува оваа врска без да учествува во неа. Станува збор за документарец составен од аматерски патописи снимени од жени меѓу дваесеттите и четириесеттите години на минатиот век, пропратени со монолог кој повеќе потсетува на интроспективно поетско читање отколку на филмска…

„Четирите експериментални филмови продираат во прашливите архиви и без страв вадат на виделина потиснати истории.“

Со фокус врз архивски снимки, филмската програма на ППЖ 9 е автентично, непредвидливо и контемплативно патување низ женското искуство. Четирите експериментални филмови продираат во прашливите архиви и без страв вадат на виделина потиснати истории. Затоа, во рамки на програмата, камерата оваа година служи за преземање на јавниот простор и дискурс и со тоа за длабоко промислување на стварноста, историјата, системите на моќ, и погледите на и кон жената.  Фестивалското филмско патување започнува во семејните архиви на уметницата Рут Хофлих. Учеството…

„Разновидните растенија во филмот го симболизираат класичното поврзување на жените со природата, земјата, мистичното...“

Краткиот документарец „Растение“ на германската визуелна уметница Рут Хофлих претставува нагласено лично истражување на еден од најважните и најбизарните периоди од светската женска историја – прогонот и спалувањата на вештерките oд 16-иот до 18-иот век.  Субверзивната фигура на вештерката последниве години често е обработувана како симбол на женскиот отпор. Tаа е преиспитувана како темно место во историјата и претставува моќен општествен контранаратив. Иновативниот придонес на Хофлих на оваа линија – и она што го прави филмов предизвикувачки и нетипичен –…

„Колку и да е непријатно да се гледа спалување, бесење и претепување на една жена, макар тоа било „само“ анимација, факт е дека тука се зборува за судбината на многу жени во светот.“

Пламени јазици. Тупаници. Давење. Каменување. Според извештаите од аутопсија, причините за смртта се физички повреди на телото. Според краткиот експериментален документарец „Причина за смрт“ на Џиоти Мистри, тоа е константното насилство врз жената низ историјата. Преку архивски снимки, впечатлива анимација и поетска нарација, режисерката ги разоткрива сите форми на фемицид, дел од кои можеме да ги посведочиме и денес, истовремено нагласувајќи ги женската слобода и сила. Филмот на Мистри постојано превира помеѓу убавината на инаквоста на повеќе генерации жени и…