...„исклучително реалистичен приказ на едно автентично индивидуално искуство.“

Оценка: 7/10 Контроверзната драма „Девојка“ е дебито на белгискиот режисер Лукас Донт. Филмот е делумно базиран на животот на танчерката Нора Монсекур, која е негова пријателка. Прво филмско искуство е и за одличниот Виктор Полстер. Тој е во улога на транс девојката Лара, која сака да стане професионална балерина. Сосема заслужено, филмот е добитник на три награди на Канскиот филмски фестивал, а во 2018 беше белгискиот кандидат за „Оскар“ за најдобар странски филм.   Лара е тинејџерка која има голема страст…

...„Мур, Стјуарт и тимот направиле филм каде што секој „фрејм“ претставува уметничко дело.“

Оцена: 4.5/5 „Легендата за волците“ („Wolfwalkers“) е фолклорна приказна која ги слави природата и љубовта, а од останатите анимирани филмови се разликува поради техниката на рачно цртање. Ова филмско остварување е последниот дел од трилогијата во која спаѓаат „Тајната на Келсите“ (The Secret of Kells) и „Песната на морето“ (Song of the Sea). Сите филмови се содржински различни, а поврзани се со уникатниот стил на анимација и со ирските легенди. Дејството во „Легендата за Волците“ се случува во период на колонизацијата…