Овој надежен режисер донесе визуелно моќна реалиситична драма од булеварот чии што карактери се палимпсест од минимум три идентитети: општествен, социјален и сексуален.

Режија: Kaмил Видал Накет Улоги: Феликс Марито, Ерик Бернар, Никола Дибла, Филип  Орел Кинематографија: Жак Гиро Оцена: 4/5 22 годишникот Лео (Феликс Марито) кој е бездомник и геј, се проституира со мажи на улиците на Стразбур. Ова е кратката базична наративна завртка на првото деби „Див“ на францускиот писател и режисер, Камил Видал Накет. Но, иако насловот аосцира дека станува збор за карактер кој жилаво се бори со предизвиците, сепак, Накет во русоовска смисла дефинитивно раскрстил со општествената перцепција за тоа што е диво: ги одлепил сите семантички наслаги на оваа категорија и скицирал лик чиј што карактер е непомирлив и неподатлив за општествено прифаќање.  Овој надежен режисер донесе визуелно моќна реалиситична драма од булеварот чии што карактери се палимпсест од минимум три идентитети: општествен, социјален и сексуален. Сите тие тела како да уживаат во лавиринтот на теленоста, кој скоро секогаш е идентитечен, завршува навечер на улицата каде се купува и продава задоволството.  Но, „Див“ не е патетична слика за емотивниот крах на ликот во обидот да се пронајде себеси. Напротив. 22 годишниот Лео речиси е лишен од емоции и од договорот со општеството за тоа што е и што би требало да биде прифатливо. Нескротиливиот дух, патологијата на уличниот живот и неизвеснота на клиентите се трите точки помеѓу кои осцилира животната филмска оска на главниот лик. Лео не бара сожалување за неговиот живот. Тоа е и во миговите кога поради инфекцијата на белите дробови утрата ги пречекува на тротоарите плукајќи крв. Харизматичниот Феликс Марито, успеа навистина уверливо да го скицира ликот на Лео, во еден полудетинест, енергетски флуид, кој свесно избрал дека улицата е неговиот природен хабитат. За улогата на Лео, Марито лани доби „Rising award“ во Кан. Портретирањето на сцените каде што Лео е интимен со повозрасни мажи и со ликови од урбаниот живот на Стразбур, не е само слика за двојниот живот на клиентите, туку и за начинот на кој функционира телесниот „меркантилизам“.  Можеби експлицитните сексуални сцени…

„Трите лика се многу внимателно оформени и го прикажуваат психолошкиот полнеж на целосна и сурова подготвеност да се плати цената за остварување на целта.“

Режисер: Jоргос Лантимос Улоги: Oливија Колман, Рејчел Вајс, Ема Стоун Сценарио: Toни Мек Намара, Дебора Дејвис Директор на фотографија: Роби Рајан Оцена: 4/5 Режисерот на култниот „Песјак“ (2009), „Јастог“ (2015) и „Убиството на светиот елен“ (2017), Јоргос Лантимос, во неговата најнова историска драма „Фаворитката“, нè враќа во раниот 18 век во Англија. Дворските игри полни со сплетки, страст и местенки се тематско изненадување од овој млад грчки режисер.  Филмот беше премиерно прикажан на 75. Венециски филмски фестивал, каде освои две…