„Полна со фантастични елементи, омажи кон поп културата и уметноста, историски референци и религиозна симболика, „Ангели во Америка“ со сигурност ќе ве изненади и ќе ви предизвика лавина од чувства.“

„Ангели во Америка“ e мини ТВ серијата од шест епизоди и адаптацијата на култната театарска престава на Тони Кушнер. Тема е ХИВ епидемијата, прикажана од перспектива на неколку њујорчани чии судбини симболично се испреплетуваат. Режисер е Мајк Николс кој го зел уникатното надреалистично сценарио на Кушнер и го претворил во незаборавлив епски спектакл. Полна со фантастични елементи, омажи кон поп културата и уметноста, историски референци и религиозна симболика, „Ангели во Америка“ со сигурност ќе ве изненади и ќе ви предизвика…

„За жал, гледачкото искуство на најновиот филм на 84 годишниот великан може да се спореди со евтина вечера платена со купони кога човек очекува партнерот да го изненади со резервација во елитен ресторан.“

Кон „Куќата Гучи“ во режија на Ридли Скот, сценарио на Беки Џонстон и Роберто Бентивења, кинематографија на Дариуш Волски „Гучи“ е една од најпрепознатливите именки на светот во било кој слој на општествените кругови. Богат, сиромав, банкар или садомијач - нема кој не го асоцира овој збор со раскоши и луксузи кои живеат само во соништата на 95% од светската популација. Многумина сепак не знаат дека „Гучи“ не е само симбол на една чанта која чини 5 илјади долари (што…

„Во никаков уметнички занес, „Елит“ ги склопува сите елементи на добра средношколска драма со внимателнен напор да инкорпорира вистинска човечка емоција во склоп на настани и табиети кои тешко може да се најдат на едно место (а тоа да не е затвор).“

„Елит“ е шпанска серија во продукција на Нетфликс што ја следи приказната на тројца тинејџери од скромно потекло кои, под доста чудни околности, се префрлаат во елитно училиште инаку пристапно само за богати синови и ќерки. Уште во првата епизода се дознава дека еден од ликовите е убиен и тоа е централната мистерија во оваа сезона.  И заплетот и расплетот се на моменти дискутабилни, бидејќи серијата се стреми да ги шокира гледачите, дури и на сметка на логичкиот развој на…

„Тимот зад документарецот успеал да изгради комплексна слика која без предрасуди и страв, а со доза нежност ја претставува необичната ситуација во која се наоѓаат градот и семејството Енаке - два паралелни светови принудени да се соединат.“

„Акаса, мојот дом“ е романски документарен филм кој доби голем број награди и номинации, вклучувајќи ја и наградата за Етички идеи на домашниот фестивал „Македокс“ во 2020 година. Режисер е Раду Корникиус – истражувачки новинар кој снимајќи репортажа за обновата на зоната околу езерото Вачерсти се запознал со единствените жители во областа - семејството Енаке. Животот на 11-членото ромско семејство му го зграпчило интересот, па така Раду спонтано се втурнал во возбудлив проект кој траел цели четири години.  За да…

...„фестивалот посветува особено внимание на женската перспектива, особено кога станува збор за теми кои често не се адресирани во мејнстрим културата.“

Шеснаесеттото издание на Pravo Ljudski Film Festival годинава се одржува во хибриден формат, со проекции во две кина во Сараево на почетокот на декември и бесплатен онлајн пристап до филмовите за гледачи од целиот свет во периодот 7-17 декември. Програмата содржи 49 филмови посветени на феминизмот, екологијата, културните и социјалните движења кои носат свежи перспективи за напредокот на човештвото. Како и во изминатите години, и ова издание на фестивалот посветува особено внимание на женската перспектива, особено кога станува збор за теми кои често…

...„три кратки бразилски филмови на општествено ангажирани теми.“

Шеснаесеттото издание на Pravo Ljudski Film Festival годинава се одржува во хибриден формат, со проекции во две кина во Сараево на почетокот на декември и бесплатен онлајн пристап до филмовите за гледачи од целиот свет во периодот 7-17 декември. Програмата содржи 49 филмови посветени на феминизмот, екологијата, културните и социјалните движења кои носат свежи перспективи за напредокот на човештвото. Иако (се обидувам да) ги следам филмските трендови низ целиот свет, за мене најголемо изненадување беа три кратки бразилски филмови на…

“Како да е емоционален ролеркостер, серијата го има потенцијалот да ги вивне гледачите до највисокото ниво на еуфорија и среќа, за потоа да ги спушти во бездната на безнадежност, неизвесност и тага.“

Што ако дознаеш дека она што го обожаваш, може да те убие? Како би се чувствувал кога би гледал како твоите најблиски полека умираат од мистериозна, опасна болест? Дали би се осмелил да бидеш во нивна близина ако си слушнал дека таа смртоносна болест е заразна? Прашањата што ги измачуваат главните ликови во мини-серијата „Тоа е грев“ (It’s a Sin) биле актуелни во 1980-тите, кога вирусот ХИВ од Америка почнал да си го пробива  патот во Велика Британија. Актуелни се…

„Самата СИДА тешко проаѓа како класичен филмски негативец: не може да се победи, сеприсутна е, видлива и неубава, не е злонамерна, нема ништо лично против своите жртви, ниту е облечена во црнo и пробува да го уништи светот“.

Америка, 80-тите. Епидемијата со СИДА беснее, доминантно во геј заедницата, а на среде сè ова, Рон Вудруф (Метју Маконахи), тексашки електричар и хомофоб, дознава дека е ХИВ позитивен. Неговиот свет и неговите вредности немаат време да се распаднат бидејќи докторите му даваат триесет дена живот. Но тој открива дека тогаш експерименталното лечење со АЗТ кое владата го форсира прави повеќе штета отколку корист, и дека постојат други лекови кои го бранат имунолошки систем на болниот и го пролонгираат неговиот живот.…