...„моќта е во емоцијата што ликовите ја предизвикуваат. А овде ги има многу и се комплексни и силни!“

(кон премиерата на „Вистински запад“ од Сем Шепард, режија на Борис Василески, МКЦ – Скопје) Сем Шепард е најзначајниот модернистички американски драмски писател (и не само тоа и режисер и актер и музичар! Авторот на она што денес се нарекува Офф-Офф Бродвеј во американскиот театар). Вистински запад е една од најмоќните драми напишани воопшто, затоа што на мошне едноставен начин го покажува конфликтот помеѓу двајца браќа (а обично, како што нѐ учеше Аристотел, трагедијата е секогаш најсилна во рамките на…

...„Иако ова дело се придржува до класичната форма на една театарска претстава, сепак, не се плаши да ги поместува границите и да си игра со различни мултимедијални елементи.“

Лајкови, следбеници, инста-приказни, влогови, инфлуенсери – живееме во време кога дигитализацијата почнува да зазема сѐ поголеми размери и тоа резултира со создавање нов, инста-свет, различен од реалниот. А тој инста-свет има моќ најпрво да те заинтригира, потоа да те вовлече, за на крај целосно да те обземе. Опседнатоста со постојаното „скролање“ и ѕверење во малиот екран колку и да причинува задоволство, прашање на време е кога ќе премине во измачување. И тоа е измачување што свесно си го причинуваме самите…

„Со женска режисерска палка и централни улоги, филмот нужно е освежување за гледачите“.

Уште во првите секунди од филмот, младата режисерка Ана Јакимска во својот краткометражен „Ќе дојдат децата“ ветува осврт на познати сентименти од македонското битисување. Да се гледа овој филм со македонско око значи да се забележат финеси инаку недоприливи за странскиот гледач. Но, обидот да се направи филм соодветен за интернационални платна резултира со малку извештачена слика на инаку автентични искуства.  Погледот низ објективот на режисерката на некој начин го фетишизира македонското преку добро познати клишеа: беда, сурови пејзажи, икони.…

...„некои пуристи овој проект би го сметале за уште еден од мрачните коњаници на социјалните медиуми, дојден за да ја уништи навек класичната филмска уметност.“

Кон „Да се изгубиш намерно“, Бугарија, 2019, 112’ Режија: Крис Захариев „Да се изгубиш намерно“ е документарен филм за тројца тинејџери од Софија кои решаваат да ја откријат Бугарија во летото на границата меѓу безгрижниот и возрасен живот. Немаат некој јасен план, освен дека ќе застануваат на места за кои или никој не чул или никому не му е грижа. Ја палат (освен кога не пали) нивната Лада од 1970 и тргаат, а сè што може, оди наопаку. На прв…

„Црно-белата техника на снимање  и тензичното пијано кое се провлекува низ целиот филм придонесуваат за увид во психолошката состојба на главниот лик (режисерот).“

„Филм за љубов и секс во пет чина”. Ова е првата индикација што ја дава Чилеанскиот режисер Алехандро Фернандес Алмендрас на самиот почеток на филмот. Инспириран од потеклото на неговата девојка и неговите лични искуства во театар, тој во филмот „Театарска претстава” (THE PLAY AKA. HRA) со времетраење од 90 минути раскажува приказна за животот на еден театарски режисер во Чешка.  Младиот и амбициозен режисер Петар започнува да подготвува модерна адаптација на античката драма „Федра“ од Еврипид. Во истоимената драма,…

„Иако настаните се сведуваат на една хаотична анегдота, режисерското деби на Ема Селигман се карактеризира со ретко добро чувство за време и простор, и таа успева да жонглира со жанровски елементи со вештина која ретко се наоѓа и кај холивудски „ветерани“.“

Кон „Шива Бејби“, 2020, САДРежија: Ема Селигман Во 2017, во круговите на филмските студенти се расчу еден краткометражен филм, „Шива Бејби“, како еден од најдобрите за таа година. Беше смешен и хаотичен, и многу допадлив. Три години подоцна, режисерката Ема Селигман го презентира долгометражниот „Шива Бејби“, исто толку смешен, хаотичен и допадлив, но и еден од похрабрите „coming-of-age“ филмови за 2020. Иако настаните се сведуваат на една хаотична анегдота, режисерското деби на Ема Селигман се карактеризира со ретко добро чувство за…

„Хибридните анимирачки техники користени за изработка на филмот го имитираат вистинското движење на камерата, со тоа тој добива реалистичен изглед.“ 

Морбидно и невообичаено, така започнува приказната на овој анимиран долгометражен филм. Отсечена рака бега од лабороторија за да си го најде своето тело. Додека се снаоѓа низ Париз се сеќава на животот на младиот човек за кого претходно била поврзана. Со црно-бели сцени се прикажува детството на главниот лик Наофел. Претставен како дете кое сака да ги впие сите искуства кои животот ги носи. Преку снимање на звуците кои го опкружуваат се обидува да ги документира своите искуства. Меѓутоа судбината…