„И покрај тоа што кучињата се во фокусот, „Сцени од животот на една џукела“ е документарец за луѓето и за тоа што тие го оставаат зад себе.“

Куче-скитник што живее на гробишта, покрај пруги, во напуштена фабрика или село, научено да не им верува на луѓето, а сепак зависно од нив – глетка што секојдневно можеме да ја посведочиме. Тоа е оној пес што упорно мавта со опашката секогаш кога ќе види човек иако којзнае колку пати изел ќотек наместо сочна коска. Тоа е она кутре што никогаш не ја губи надежта дека неговите сопственици ќе се вратат по него. Тоа се сите џукели што немаат друг…

„Во документарниот филм „Сава“ на Метју Самервил, Мира Фурлан го отелотворува гласот на Сава која разговара со луѓето покрај неа, низ сега поделените екс-ју држави и се обидува да ги разбере.“

2021, Метју Самервил Низ нејзиното патување на повеќе од 990 километри, божицата Сава му носи „амброзија“ на Дунав и го храни - па величествено умира во центарот на српскиот главен град Белград. Почнувајќи од Словенија - реката Сава поминува низ 5 земји и 3 главни градови од Балканот. Нејзината одисеја носи приказни на времиња и народи, поделувајќи ги нациите, но и служејќи како артерија која ѝ вдахнува живот на земјата покрај неа. Во документарниот филм „Сава“ на Метју Самервил, Мира…

„Помирување“ е документарец кој не ја поедноставува комплексноста на проблемот околу ужасната традиција, туку се труди внимателно, неинтрузивно и објективно да го прикаже овој свет во кој владее патријархатот.

Кон „Помирување“ во режија на Марија Зидар, кинематографија на Латиф Касоли Старите традиции за крвна одмазда, тешко умираат. По падот на диктаторскиот режим на Енвер Хоџа во 90тите, Албанија како и многу балкански држави сè уште е во процесот на „транзиција“- термин кој се доделува на некој вид модернизација што не му значи многу на обичниот албански селанец. Во период на социјални немири и државни реструктурирања кои како да не важат во планинските предели на северна Албанија, се случува една…

„Медитативен и длабоко рефлексивен, „Колку подалеку – толку подобро“ може да се гледа како документарец кој гласно зборува за будење на еколошката свест и враќање кон природата“.

Во време кога сѐ е на дофат со само еден клик на тастатурата, тешко е да се замисли млад човек кој свесно одбира да живее далеку од сите благодати на дигиталната ера. Уште потешко е да се замисли Германец кој решава да го замени своето удобно канцелариско секојдневје во градот со селски живот на Карпатите во Украина, грижејќи се за бафала од загрозен вид. Токму тоа е изборот на Мишел – човек кој сонува за мала колиба високо на планината,…

„Темпото со кое филмот осцилира помеѓу шармантна шпионска драма и социјално ангажиран документарец овозможува полесно „проголтување“ на горчливата вистина за осамените станари на домот.“

Оцена: 4/5 Канцеларија полна доверливи документи, музика со Џејмс Бонд призвук (дело на Винсент ван Вормердам), нагласена ноар естетика и пензиониран агент на Интерпол (Ромуло Аиткен) кој работи како приватен детектив и интервјуира низа потенцијални соработници за најновата тајна мисија. Иако овие класични жанровски одредници го подготвуваат гледачот да очекува криминална драма со хумористични примеси ала Херкул Поаро, режисерката Маите Алберди ги користи само како почетна точка во „Агентот крт“ - невообичаен чилеански документарец кој доби номинација за „Оскар“. Клучот…

„Станува збор за една чудесна сторија во која е и допрва ќе биде опфатен периодот од животот на Исус наречен Христос заедно со воскресението“.

„Кој е Исус за тебе?“  Ова е можеби најактуелното прашање на минатите два милениума, кое до ден денес измачува многумина. За некои лудак, измамник, морален учител, историска личност, или пак пророк, а за други пак Бог, спасителот на човештвото и воедно личноста на која се должи постоењето. Но, за сите е заедничко истакнувањето на фактот дека Исус имал значителна улога во обликувањето и развојот на светот од новата ера. Неговото име и животна приказна доживеаја огромен поврат во филмската индустрија,…

„„Анет“ сјае кога примарниот фокус е на живописната сценографија и кога (иронично) бизарните идеи на режисерот се целосно реализирани во нивната апсурдна величественост.“

Кон „Анет“ во режија на Леос Каракс, сценарио на „Спаркс“, кинематографија на Каролин Шампетиер „Анет“ не само што е долгометражното деби на англиски на реномираниот француски режисер Леос Каракс, туку и годинава го отвори Филмскиот фестивал во Кан по пауза од една година. Зачнат како музички проект на култниот и ексцентричен бенд „Спаркс“ пред да ги здружат силите со Каракс кој е познат по својот бизарен и енигматичен опус („Свети мотори“, „Пола икс), овој 139 минутен мјузикл ги исполнува сите…