СОЖАЛУВАЊЕ (2018) Бабис Макридис Еден успешен адвокат секое утро станува од кревет и плаче. Неговата сопруга е во кома, па затоа секој ден е тажен и вознемирен. Пријателите и познаниците го знаат тоа и го сожалуваат. Неговата секретарка му подари ланче со крст од нејзината мајка. Неговата сосетка секој ден му носи торта од портокал. Неговиот другар со кој играат тенис на плажа се понуди да му го намачка грбот со заштитна крема за сонце. Но и покрај неговата тага, тој е среќен и ужива во ситуацијата во која што се наоѓа. Проблемот е што тој стана зависен од тоа сожалување. Сака да го добие по секоја цена. Неименуваниот адвокат ќе биде соочен со тешка дилема кога неговата сопруга ќе се разбуди од кома, а изворот на сожалување ќе секне. Преокупираноста со себеси станува опсесија за него, водејќи до жестока кулминација. На чело со Јоргос Лантимос („Песјак“, „Фаворитката“), група режисери од грчкиот полуостров го водат „грчкиот нов бран“ во филмот. Употребувајќи бизарни, чудни и шокирачки дијалози и слики овие уметници како низ калеидоскоп ја тераат публиката одново да ги промисли темите поврзани со сексуалност, фамилијарни односи, слобода, друштвена изолација. Макридис, за среќа (или несреќа) твори во сенката на Лантимос. По соработката на неговиот дебитантски долгометражен филм „Л“, Макридис тука повторно му верува на сценаристот Ефтимус Филипу да создаде темна и стоичка драма исполнета со комични елементи. „Сожалување“ успева да е класично „грчки нов бран“ со сите негови препознатливи елементи и естетика. Дијалогот и раскажувачката форма се ефективни во својот минимализам. Кинематограферот Константинос Кукулиос го центрира протагонистот врз прекрасната позадина на Егејското море преку екстремно десатурирана палета на бои и комбинација на статични широки и крупни кадри. Наративните наслови кои (заедно со музиката) имаат задача да дадат објаснување за внатрешната борба на главниот карактер - некогаш се беспотребни. Сепак можеби најголемиот дел од „товарот“ на овој филм го носи актерот кој го игра несреќниот адвокат. Наизглед без многу напор, Џанис Дракопулос…
„Овој филм е уште едно апсурдно дело на „грчкото движење“ кое да не беше толку комично ќе беше премногу гротескно“.