„Ангели во Америка“ e мини ТВ серијата од шест епизоди и адаптацијата на култната театарска престава на Тони Кушнер. Тема е ХИВ епидемијата, прикажана од перспектива на неколку њујорчани чии судбини симболично се испреплетуваат. Режисер е Мајк Николс кој го зел уникатното надреалистично сценарио на Кушнер и го претворил во незаборавлив епски спектакл. Полна со фантастични елементи, омажи кон поп културата и уметноста, историски референци и религиозна симболика, „Ангели во Америка“ со сигурност ќе ве изненади и ќе ви предизвика…
„Полна со фантастични елементи, омажи кон поп културата и уметноста, историски референци и религиозна симболика, „Ангели во Америка“ со сигурност ќе ве изненади и ќе ви предизвика лавина од чувства.“