Оцена: 4/5 „Светилникот“ е еден од оние филмови кои жанровски тешко се класифицираат. Некаде помеѓу хумористична хорор фантазија и психолошки трилер на тема халуцинации и делузии, вториот долгометражен филм на Роберт Егерс (кој се прослави со „Вештерката“) се карактеризира со технички беспрекорно изведена атмосфера и помпезни амбиции за создавање на едно митско дело. Егерс како да сакал да направи школски пример за максимално искористување на парадигмата на изолирани карактери кои не можат да ја напуштат локацијата на која се наоѓаат,…
...„реалистичноста на филмот е во неочекувано добар баланс со претенциозната апстрактност во епски размери.“