Три мини рецензии за фаворитите на Јована од категоријата играни филмови.

На крајот на август оваа година, се одржа првото издание на Галичник Филм Фестивал при што 50 краткометражни филмови беа бесплатно достапни онлајн. Судејќи по филмовите што успеав да ги погледнам, селекцијата беше одлична - секоја чест и пофалби за изборот на филмови! Подолу три мини рецензии за моите лични фаворити, од категоријата играни филмови. …