„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ - Толстој Познатиот цитат со кој Толстој го започнува романот „Ана Каренина“ е можеби најдобриот начин да се опише горчливиот вкус во устата кој го остава швајцарско-италијанскиот „Мое тело“. Режисерот Микеле Пенета го фокусира документарецот токму на разликите во животните искуства на двата (несреќни) главни ликови (тинејџерот Оскар и младиот мигрант Стенли), притоа акцентирајќи го фактот дека животот на маргините на општеството е ужасно тежок.…
„Немањето иднина и неможноста да се побегне од стегите на сиромаштијата се главните теми кои ги обработува Пенета преку две паралелни раскажувачки линии, сместени во Сицилија.“