„Добра вест е дека крајниот продукт под режисерската палка на Дејвид Добкин (познат по култниот „Расипувачи на Венчавки“) е забавен, несериозен но сепак целосно реализиран филм кој ако ништо друго ќе предизвика уште поголема нетрпеливост за следното издание на овој европски феномен.“

Кон „Евровизија - Приказна за Огнената Сага“ во режија на Дејвид Добкин, сценарио на Вил Ферел и Ендру Стил, кинематографија на Дени Коен Изборот за најдобра песна на годината во Европа, таканаречен „Евровизија“ е феномен кој му е добро познат на секој жител на нашиот континент. Интересен е фактот што овој настан со текот на годините има еволурирано од едноставна идеја за пријателски натпревар помеѓу државите до мулти-милионска продукција која изобилува со екстраваганца, опулентност и шанса за сите артисти да ги покажат нај(не)креативните перформанси кои потоа се тема на разговор цела година. За жал, поради пандемијата која го опфати целиот свет, манифестацијата која требаше да се одржи овој Мај е откажана. На голема радост на сите фанови, Нетфликс во право време ја издаде најновата комедија во нивниот репертоар која е сместена токму шарениот, весел и секогаш неверојатен свет на Евровизијата. Добра вест е дека крајниот продукт под режисерската палка на Дејвид Добкин (познат по култниот „Расипувачи на Венчавки“) е забавен, несериозен но сепак целосно реализиран филм кој ако ништо друго ќе предизвика уште поголема нетрпеливост за следното издание на овој европски феномен. Ларс (Вил Ферел) и Зигрит (Рејчел МекАдамс) се исландско дуо кое со години има само еден сон - да ја претставуваат својата земја на според нив, најголемото шоу што некогаш постоело. Тие се на некој начин одметници кои не се популарни меѓу своите сограѓани поради нивните наивни карактери и музика која едноставно не е обожавана. Откако домашниот избор за песна на Евровизија завршува со трагедија па фаворитот (американската пејачка Деми Ловато) не е во можност да го претставува Исланд, тие ја добиваат шансата на нивниот живот - да настапат на главниот настан во Шкотска и конечно да пробаат да го реализираат нивниот сон. Што понатаму следи е класична приказна за како надежта, макотрпната работа и неоткажувањето водат кон личен триумф. Сценариото на Вил Ферел и Ендру Стил изобилува со класични комични моменти кои предизвикуваат лесна смеа но и…